Комунистичките лидери на Албанија на своите тајни состаноци кон крајот на 70-те и почетокот на 80-те години планирале воена операција „Шпертими“ (Експлозија) против Југославија, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“.
-Со таа операција, со која според нивното мислење, кога по смртта на Јосип Броз Тито во Југославија ќе почнат внатрешни клановски борби за власт, тие со брза акција на својата војска би ги присвоиле Косово и делови од Македонија и од Црна Гора, каде што етничките Албанци се мнозинство, пишува Јутарњи лист.
Тоа, врз основа на албанските и руските архиви, е записник од седницата на Политбирото на Партијата на труд на Албанија, и изнесени сеќавања на тогашниот министер за одбрана Вели Лиакај, го објави рускиот историчар Артјом Улунјан, експерт за комунистичкото движење во 20 век на Балканот од Институтот за општа историја на Руската академија на науки.
Во текстот „Тајната операција ’Експлозија’: Како Енвер Хоџа се подготвуваше за „хаосот по Тито“ во јануарскиот број на списанието „Славјановедење“, Улунјан пишува дека сега од достапни архивски извори видливо е дека албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа бил опседнат со она што ќе се случи со Југославија по Тито и оти бил уверен дека таму ќе настане крвава борба за власт меѓу „проруските“ и „проамериканските“ сили.
Хоџа, наводно, бил истовремено во страв за сопствениот режим, но размислувал како од целата ситуација да извлече најмногу што може и по можност, да го добие Косово.
Улунјан вели дека Косово е и еден од можните причини поради кои Албанија, како единствена држава која не го потпиша завршниот акт на хелсиншкиот самит во 1975 година, на кој се дефинирани границите на повоена Европа.
Тој го наведува извештајот на министерот за надворешни работи на Косово Кадри Хазбиу од ноември 1977 година, во кој „прв и единствен пат“ во таков важен документ на режимот на Хоџа се споменува дека „владата на Албанија ја поддржува идејата за обединување на сите Албанци“, додава „Јутарњи лист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исповед на пилотот на Тито: Воспоставивме контакт со НЛО
-
Баша: Ермал Хоџа ослободен затоа што не сведочел против братот на Рама
-
Новиот советник на Заев: Да имавме оружје, Македонците ќе ги протеравме во Бугарија
-
Стоилковски: Дали Заев ангажирал за советник лице вмешано во убиство на полициски службеник и го плаќа со пари на граѓаните?