По денешното сведочење на Јовица Стефановиќ – Нини кој беше еден од главните сведоци на СДСМ во тврдењето дека премиерот Груевски бил дел од корупција при продажба на Македонска банка експерите со став дека лажните обвинувања се контрапродуктивни за имиџот на партијата што ги пласира во јавноста.
Откако Газда Нини како главен сведок изјави дека немало поткуп во случајот Македонска Банка и со тоа ја урна позицијата на Социјалдемократите на површина излезе проблемот со шпекулативните потези на опозицијата кои овој пат се разрешуваат на суд.
Според политикологот Владимир Божиновски, секое непоткрепено и несериозно обвинување од страна на политичка партија кое има за цел да донесе краткорочни поени пред избори има голема опасност да предизвика долгорочни последици по имиџот на партијата што го пласира.
„Кога ќе се утврди дека една партија поведена од политички причини шпекулира или измислува настани за да му наштети на политичките противник мора да биде подготвена да сноси долгорочни последици како губење на релевантност, намалување на довербата дури и кај сопственото членство и пред се нарушување на имиџот како сериозен политички субјект“ вели Божиновски за Република.
Иако процесот во кој премиерот Груевски го тужи лидерот на СДСМ Заев за клевета сеуште не е завршен извесно е дека по сведочењето на Газда Нини кој рече дека не дал ниту имало потреба да дава поткуп за купување на акции од Македонска Банка, шпекулативниот предизборен маркетинг на СДСМ ќе ја стави оваа партија во уште потешка ситуација во поглед на јавната доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


