Напаѓачот на Монако Радамел Фалкао е на чекор пред трансфер во Манчестер Јунајтед, односно од потпис на договорот го делат само медицинските прегледи.
Монако првата година за Колумбиецот Фалкао ќе добие 12 милиони фунти, а по завршувањето на сезоната Јунајтед ќе го откупи неговиот договор за сума од околу 50 милиони фунти.
Фалкао минатото лето од Атлетико Мадрид се пресели во Монако за 50 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед, ова лето на засилувања потроши 200 милиони фунти на трансферите на Лук Шо, Маркос Рохо, Андер Ерера, Анхел ди Марија и Радамел Фалкао.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


