| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај на нивната среќа: исламистите ја освоија американската амбасада во Триполи и организираат забава скокајќи во базенот

Исламистите кои упаднаа во американската амбасада во Либија на YouTube поставија видео на кое се прикажани како се капат во базен. Како што пишува Вашингтон тајмс исламистите очигледно организирале забава на базенот, а на новинарот на Асопиетед прес на кој му дозволиле да влезе јавува дека зградата, а ниту опремата во неа непаат никакви оштетувања.

Американската амбасадорка во Либија, Дебора Џонс потврди дека видеото е снимено во зградата на амбасадата во Триполи, инаку американските дипломати се евакуирани оттаму уште минатиот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top