| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени во пукањето во скопско Арачиново

policija-2

Иако првичните неофицијални информации беа дека едно лице е убиено во Арачиново, сепак се работи за три повредени лица. Повредени се жена и нејзините двајца синови, сите се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.  Жената се здобила со повреда во десната бутна коска, аедниот син е повреден во градниот кош, а третиот во глава. Во нив било пукано од два автомобила во движење.

Од МВР потврдуваат дека се затекнати три повредени лица, но сепак, детали најавуваат подоцна. Пукањето се случило на улицата број 1 во Арачиново, кај маркетот „Нигрос’

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top