| четврток, 6 декември 2018 |

Французите се извлекоа во дуелот со Србија

SERBIA VS. FRANCEАктуелниот европски шампион Франција ја забележа првата победа на Светското кошаркарско во Шпанија. Во дербито од 2.коло на групата Б кој го оправда приматот дерби „Триколорите“ ја совладаа Србија минимално со 74:73.
Иако во најголемиот дел од натпреварот Србите имаа резултатска предност која во еден момент изнесуваше и 12 поени, сепак во финишот од средбата Французите фатија резултатски приклучок.
На 1,1 секунда до крајот, при нерешен резултат, доскорашниот кошаркар на Партизан, Жефри Ловерњ реализира едно од двете слободни фрлања поставувајќи ги конечните 74:73.
Токму Ловерњ со 19 поени беше најефикасен во селекцијата на Франција, за која Дио постигна 16, а Батум и Џексон придодадоа по 12 поени.
Сега двете репрезентации имаа по една победа и еден пораз.
Радуњица со 21 поени и 7 скокови беше најдобар поединец во српската селекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top