Наезда на скакулци врз главниот град на Мадагаскар, Антананариво во четвртокот предизвикала сообраќаен метеж. Небото било исполнето со инсекти кои ја напаѓаат оваа африканска нација веќе повеќе од две години. Овие наезди започнале во април 2012 година, заради што властите на Мадагаскар морале да прогласат состојба на национална катастрофа. Оттогаш овој проблем опстојува.
Во септември минатата година во оваа островска држава најавен е тригодишен план на итна помош затоа што скакулците ја загрозуваат и храната наменета за 13 милиони луѓе, или 60 отсто од населението на Мадагаскар.
Од ФАО изјавиле дека скакулците биле привлечени од невообичаено високите температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


