| четврток, 6 декември 2018 |

Металург: Навивачите се нашето семејство

metalurg-4„Би сакал да му честитам на Металург, беше подобар противник по 60 минути игра. Во првото полувреме се држевме добро, но во вториот дел, поради кратката клупа и поради неколкуте повредени играчи, повеќе не можевме да го следиме темпото на противникот. Нашиот главен проблем се повредите на неколкуте играчи, поради што моравме да импровизираме, но уште еднаш му честитам на Металург“ – изјави Петер Давид, тренерот на Татран Прешов по синоќешниот меч во кој Металург ја забележа првата победа на првиот меч од Сеха лигата сезонава.  

Тренерот Лино Червар реален – им дадов шанса на помладите играчи кои држеа темпо:

„И честитам на екипата на Татран за фер и коректната игра и и посакувам успех во квалификациите за Лигата на шампионите. Што се однесува на денешната средба, ние добро ја почнавме и брзо дојдовме до висока предност, но потоа застанавме. Се покажа дека натпреварот трае 60 минути. Татран се врати, изедначи и беше рамноправен противник. Во второто полувреме им дадов шанса на помладите играчи, кои држеа брзо, силно темпо и заслужено победија. Верувам дека и понатаму ќе работат и ќе се развиваат и знам дека сме на добар пат. Сакам посебно да им се заблагодарам на нашите навивачи за извонредната посета на стартот на една нова сезона, што уште еднаш покажува какво ракометно семејство е Металург – рече тој.

Новото засилување во тимот од Автокоманда, Мијајло Марсениќ изјави:

„На почетокот наметнавме посакуван ритам, но потоа некако паднавме и дозволивме противникот да се врати во игра. Среќен сум што сум дел од овој тим на Металург и што играм пред една ваква прекрасна публика. Верувам дека ќе имаме многу заеднички радости оваа сезона“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top