На денешната прес-конференција, лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов изјави дека од партијата го осудуваат насилството кое беше присутно на протестите последниве неколку дена.
-На вчерашната прес-конференција ДУИ нè обвини нас како промотори на негативна кампања против Талат Џафери и индиректно како виновни за насилствата што се случија. Ние на собирите што ги организиравме немавме ниту еден инцидент. Прашуваме, зошто на нивната вчерашна прес-конференција, на која нè осудија нас, го немаше македонското знаме, туку само албанското и знамето на Европската Унија“ праша лидерот на Достоинствo- Стојанче Ангелов.
Тој истакна дека последните настани нема да ги натераат да се повлечат од иницијативата за менување на Талат Џафери, сè додeка не се соберат 150.000 потписи.
-Затоа ја повикуваме ДУИ сама да го повлече Талат Џафери, бидејќи токму тие со самото предлагање ги иницираа последните меѓуетнички тензии. Воедно бараме од ДУИ да одржи работна средба со Достоинство, за да им објасниме зошто не треба да ги предлагаат припадниците на УЧК на вакви чувствителни функции – рече генералот Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


