Исланд повторно го забрани воздушниот сообраќај во реонот над вулканот Бардарбунга, откако денеска беше регистрирана нова ерупција, пренесоа светските агенции.
Степенот на опасност во зоната на вулканот е зголемен на максималното ниво.
Новата ерупција се случи во 6 часот по Гринич во истиот реон на вулканот како и претходната, што беше регистрирана во петокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


