Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе започне вториот серијал на детскиот забавен и едукативен фестивал „ЗОО Фест 2014“ што ќе се одржува во следните осум викенди.
Во рамките на фестивалот на сите дечиња кои дошле да ја посетат Зоолошката градина и да ги видат животните ќе им бидат понудени едукативни и забавни содржини како дополнителна забава. Главно изненадување денеска ќе им биде гостувањето на Дани Димитровска која ќе отпее неколку од своите хитови.
Детскиот ЗОО Фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња“ и едукативно катче во кое се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.