| четврток, 6 декември 2018 |

Одличен почеток на Металург, го совладаа Татран Прешов со 34:28

Одличен почеток на Металург во новата сезона. Ракометарите предводени од Лино Червар ја забележаа првата победа во Сеха Лига совладувајќи го словенечки Татран Прешов со 34:28 Првиот дел заврши со нерешен резултат 14:14.

metalurg-7

Иако доби мала минутажа, на теренoт се врати и Наумче Мојсоски кој минатата сезона во дуел со Вардар во рамките на Сеха Лигата заработи повреда.

metalurg-3

Шанса на овој меч добија новите ракометари во составот на Металург, а судејќи по денешната игра, македонскиот шампион има играчи кои можат да донесат нови радости за македонската ракометна публика, како во Сеха, така и во европската Лига на шампиони.

Металург: Коциќ 10 одбрани, Митревски, Ојлески 3, Липовина 5, Вугринец 4, Георгиевски 2, Манасков 2, Миркуловски 1, Н.Маркоски, Мојсовски, Атман 3, Циндриќ 4, Јоновски, Марсениќ 5, Борозан 3 и Џукиќ 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top