| четврток, 6 декември 2018 |

„Металург“ одигра нерешено на полувреме против „Татран Прешов“

Металург одигра нерешено прво полувреме од првиот меч од Сеха Лигата оваа сезона. По одиграни 30 минути ракометарите предводени од Лино Червар постигнаа 14 погодоци против Татран Прешов. Гостите од словачка постигнаа ист број погодоци. На паркетот по долго отсуство поради повреда, се врати Наумче Мојсоски. Во составот не е Дарко Станиќ кој натпреварот го следи од трибини. Иако во поголем дел од натпреварот Металург водеше со неколку гола разлика, на крајот од првиот дел падна концентрацијата на ракометарите од Автокоманда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top