| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Белград и Приштина постигнале голем напредок во нормализирањето на односите

srbija-kosovo-zname

Шефот на администрацијата на ОН во Косово – УНМИК, Фарид Зариф, го поздрави оддржувањето на изборите во Косово на 8 јуни и истакна дека е значајно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, откако ќе се состави новата косовска Влада, соопштија белградските медиуми.

На заседанието на Советот за безбедност на ОН, посветено на Косово, Зариф констатира дека Белград и Приштина оствариле голем напредок во нормализирањето на меѓусебните односи и тоа било изразено преку нивниот дијалог со посредство на ЕУ.

Тој кажа дека двете страни сметаат дека конкретните чекори се единствениот начин за успешно спроведување на Бриселската спогодба од 19 април 2013 година.

Зариф повика на продолжување на дијалогот веднаш по составувањето на новата Влада во Приштина, истакнувајќи дека сите страни треба да работат врз конструктивниот дијалог и кога станува збор за состојбата во северна Косовска Митровица, и кога станува збор за други спорни прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top