
Киев се надева дека Европската унија ќе поддржи и одлучно ќе дејствува во врска со ситуацијата во југоисточна Украина, изјави претседателот Петро Порошенко во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел.
Порошенко, за време на синоќешниот разговор и се заблагодарил на Меркел за преземените напори да се стави украинската страна на дневен ред, соопшти претседателската прес-служба.
Порошенко најави дека планира да изнесе реални информацииза ситуацијата во украинскиот регион Донбас пред лидерите на 28-те земји-членки на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


