Албанската полиција уапси државјанин на Косово, кој се обидувал од аеродромот во Тирана да отпатува преку Турција во Сирија, за да им се придружи на џихадистите, јавуваат приштинските медиуми.
На аеродромот во Тирана уапсен е Ментор Зејнулаху (24).
При апсењето, полицијата кај него пронашла камера и телефон со снимки од војувањата на џихадистите во Сирија, како и пораки и докази за комуникација со радикални групи, како што е Ал Нусра во Сирија
Телевизијата „Кохавизион“ соопшти дека Зејнулаху бил задолжен за регрутирање млади Албанци од Косово за војувување во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


