Во Гевгелија денеска ќе се одржи осми натпревар во варење слатко од зрели смокви „Смоквијада 2014“, во организација на здружението на граѓани „Тера“ и со финансиска и логистичка поддршка на општината.
Натпреварот ќе почне во 20 часот на ракометното игралиште во Гевгелија. Најавено е учество на 17 екипи кои ќе варат слатко од зрели смокви по свој рецепт. Победниците ќе бидат прогласени утре на градскиот плоштад. Целта на натпреварот е да се зачува традиционалниот начин на готвење слатко од зрели смокви.
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов на прес-конференција во пресрет на манифестацијата рече дека таа прераснува во гевгелиски бренд.
– Посебно не радува што слаткото од смокви, кое се подготвува речиси во секој гевгелиски дом, ќе се прави пред очите на јавноста и на тој начин ќе се презентира една долга традиција, рече Франгов.
Пред почетокот на натпреварот, на градското шеталиште ќе има фолклорно дефиле, а во културно-уметничката програма ќе учествуваат Наум Петрески, Даниел Кајмакоски и Иван Раденов, групи од Гевгелија и гости од Србија и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Душо, време е за второ дете (фото)
-
Наум Петрески исчезна кај Сиднеј: Невреме ја однело јахтата во непознат правец, потрагата е во тек (галерија)
-
Наум Петрески до македонските газди на кои требало да им пее: Ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни!
-
Наум Петрески распали по колегите: Морони, не крадете ми музика за да станете славни


