Студен туш за СДСМ. Јасна и недвосмислена порака за опозицијата од самитот во Берлин дека мора да се врати во Собранието.Со наведеното во декларацијата по самитот во делот за Македонија пропаднаа сите обиди на опозиционерите да прикаже дека странскиот фактор, вклучувајќи ја и Германија стои зад нив и го оправдува потегот на социјалдемократите со бојкотот на законодавниот дом.
“Во плурална демократија опозицијата треба да ја игра својата улога во парламентарни рамки и мора да сака да го стори тоа”, е наведено во декларацијата.
И политичките аналитичари сметаат дека наведеното во декларацијата од самитот е само уште една потврда за тоа дека местото на опозицијата е во парламентот. Сите услови за делување во парламентот според експертската јавност се овозможени. СДСМ да отстапи од нереалните услови.
“Опозицијата ги има сите услови за да делува во Собранието.СДСМ и Заев треба да отстапат од нереалното барање за формирање техничка влада во моменти кога власта кажа дека е подготвена да разговара за другите барања”, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.
Извори од СДСМ за Пресс 24 велат дека раководството имало големи очекувања, но по развојот на настаните, сите на Бихаќка се како попарени. Затоа, според истите извори, медиумите под контрола на СДСМ добиле налог веднаш да започнат со спинување дека пораката од Берлин е дека со Заев мора да се преговара за враќање на СДСМ во парламентот.
-Дека е така потврди и СДСМ кој побрза во партиско соопштение да ја пушти истата информација. Сепак, дека станува збор за манипулација потврдуваат заклучоците во кои политиките на бојкот на опозицијата воопшто не се ставени како проблем кој ги кочи македонските евроатлански интеграции. Напротив, експертите коментираат дека СДСМ мора да сфати дека Европа не признава бојкот на институциите и дека со тоа, пропаѓа обидот на раководството на Бихаќка, да ја протне тезата дека странскиот фактор стои зад политиките на Заев за бојкот на Собранието, пишува порталот.
Наспроти ваквите пораки од Берлин, социјалдемократите продолжуваат со делување надвор од институциите. Остануваат на ставот за непризнавање на изборните резултати како причина за бојкот на парламентот. Пред една недела најавија делување на терен со 5000 тима од врата на врата, иако тимовите на терен никаде ги нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


