| четврток, 6 декември 2018 |

Срби убиле косовско момче, останатите браќа се борат за живот (ФОТО)

Во пукотници Во селото Коловрт, помеѓу Жупча и Кошутова во Косово денеска е убиено едно лице а двајца се тешко повредени. Според портпаролот на косовската полиција, сите тројца биле Албанци на кои со огнено оружје било пукано од непознат правец додека сечеле дрва.

Косовските медиум пренесуваат дека станува збор за тројца браќа, поќинатиот Ардиан (19) и помладите Албион (16) и Алберт Брахими (15).

Засега нема официјални детали за пукотниците, но косовски „Индеконлајн“ пишува дека жртвите наводно биле нападнати од униформирани лица, припадници на српската армија. Според роднините на момчињата, тие биле нападнати бидејќи сечеле дрва во близина на српската граница.

Браќата се уште се во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top