| четврток, 6 декември 2018 |

Киев повторно ќе бара прием во НАТО

arsenij-jacenjuk-foto-fonetap-1398018796-483201Украинскиот премиер Арсениј Јацењук најави од парламентот дека има намера да предложи закон со кој би се обновил чекорот кон прием во НАТО за Украина, која е соочена со, како вели, руска агресија.

Владата подготвува нацрт- закон до Парламентот со кој био се поништил вонблоковскиот статус на Украина и државата би се вратила на патот кон прием во НАТО, порача Јацењук пред министрите

Во 2008 на самитот во Букурешт членките на НАТО се договорија дека Украина ги исполнува предусловите за да им се придружи, што ја налути Русија. Но во 2010 година проруската украинска власт на чело со Виктор Јанукович ја напушти таа цел, но продолжувајќи да соработува со НАТО.

Јацењук најави дека Украина очекува клучни одлуки од самитот на Алијансата следната недела, додавајќи дека „на Украина и треба помош“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top