| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Иницијативата на Германија корисна за Македонија

SDSM-18ti-kongres-05-Custom-520x295

СДСМ денеска оцени дека иницијативата на Германија со која се реафирмира заедничкиот интерес сите земји од Западниот Балкан да станат дел од Европската Унија е многу корисна за Македонија и за целиот регион.

– Ја поздравуваме завршната декларација од средбата во Берлин, во којашто со право, од целиот регион, се очекува вистински напредок и демократска иднина, базирана на владеење на правото, се вели во соопштението.

СДСМ смета дека со заклучокот од конференцијата со кој се нагласува дека мора да и се овозможи на опозицијата да ја одигра својата улога во Парламентот, и е испратена порака на власта дека треба да седне на разговори со опозицијата за да се надмине политичката криза.

Според партијата, загрижувачки е и тоа што Македонија, како што се вели, губи чекор со соседите, во поглед на евроинтеграциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top