Американскиот државен секретар Џон Кери во Египет се сретна со министерот за надворешни работи Мухамед Камил Амр, со кого ја повикаа опозицијата да учествува на општите избори во април, а народот да престане со одржување протести и да почне да работи на унапредување на демократијата.
– Пред вас се изборите. Задоволни сме што прифативте странски набљудувачи да обезбедат транспарентност и веродостојност, рече Кери.
Тој повеќе пати повтори дека САД и администрацијата на Обама не поддржуваат одредена група, туку египетската држава и народ, осврнувајќи се на критиките на египетската опозиција Вашингтон да го поддржи актуелниот претседател Мохамед Морси.
Шефот на дипломатијата на САД истакна дека во Каиро не дошол за да се меша во внатрешните работи на земјата или да поддржува одредени поединци или групи, туку во име на претседателот Обама пријателски да го поддржи народот на Египет и демократските процеси во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


