
Навивачите на Легија Варшава истакнаа транспарент во вид на протест против УЕФА. Како што е познато, полскиот тим во третото квалификациско коло со вкупни 6:1 го совлада Селтик, но УЕФА одлучи да ја исфрли оваа екипа од Лигата на шампионите поради тоа што еден нивен играч настапил на мечот со Шкотланѓаните, иако од претходните натпревари во ова натпреварување собрал жолти картони, па не смеел да игра.
Легија успеа да се пласира во групната фаза од Лига Европа, но сепако нивната желба беше Лигата на шампионите.
Тие на синоќешниот меч против Актобе имаа кореографија со која кажаа што мислат за УЕФА. Затоа што фудбалот не е важен, важни се парите, порачаа фановите на полскиот тим преку транспарент.
Инаку, Легија синоќа со 2:0 го совлада Актобе од Казахстан и со вкупни 3:0 обезбеди пласман во групната фаза од ЛЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


