| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО објави сателитски снимки од руска војска во Украина

satelit rusiСателитски снимки покажуваат како руски воени единици дејствуваат на украинска територија, соопштија од главниот штаб на НАТО за Европа во Белгија.

-Воочивме значително засилување на руско учество во украинскиот конфликт во последните две недели како во обем така и во квалитетот на ангажиранби единици- изјави холандскиот бригаден генерал Нико Так, командант на оперативниот центар.

Претставени се низа сателитски снимки на кои се гледа руска ракетна единица со логистика како зазема борбени позиции во украинската област Краснодол.

-Ова е доказ дека руски борци, опремени со модерно оружје се ангажирани на украинска суверена територија- додава Так

Снимките се он независната компанија Дигитал Глоуб и НАТО само ги користи тие снимки, додаваат од Брисел.

Според нивни проценки во Украина делуваат над 1000 руски војници кои се борат со проруските сили. Се верува дека целта на руската војна интервенција е конфликтот во Украина да се одолговлечи за да се спречи политичко решение за кризата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top