| четврток, 6 декември 2018 |

Оглас за жичница од Капиштец до Средно Водно

Милениумси Крст

Милениумси Крст

Веќе е објавен огласот од Министерството за транспорт и врски за изработка на проект за продолжување на жичницата од црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец до Средно Водно, од каде се продолжува со постојната до Милениумскиот крст. Почетната станица ќе биде кај црквата, а втората станица кај Детската болница. Проценетата вредност за изработка на проектот изнесува околу 4.000 евра.

Реализацијата на втората фаза на овој капитален проект, градска атракција која е и значајно обележје на метрополата, е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот дел од Жичницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба во  2011 година. Во моментов има 28 кабини со капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица. Со неа стопанисува Јавното сообраќајно претпријатие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top