Серена Вилијамс на УС Опен денеска славеше над сонародничката Вања Кинг со преубедливи 6-1, 6-0. На Серена и беа потребни само 56 минути за да слави над 25-годишната Кинг, па сега во следната рунда ќе се сретне со Варвара Лепченко.
За разлика од Вилијамс, настапите на УС Опен денеска завршија за Ана Ивановиќ, која неочекувано загуби во второто коло од Каролина Плишкова од Чешка со 0-2 во сетови. Србинката игра одлично годинава, но тоа не важи за гранслем турнирите, каде ниту еднаш не успеа да го мине третото коло. Таа поведе со 3-1 против Плишкова, но проблемите со сервисот се одразија врз нејзината игра, па чешката тенисерка направи пресврт и славеше со конечни 7-5, 6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.