Трагедија се случи за време на снимањето на телевизиското реално шоу „Полицајци“.
Полицијата во Омаха, град во американската сојузна држава Небраска, отвори оган со цел да спречи наводен грабеж во ресторан за брза храна и по грешка уби две лица.
Шефот на полицијата Тон Шмадерер изјави дека очевидци на настанот и полицајци мислеле дека пластичниот пиштол што го носел мажот е вистински и дека тој прв „отворил“ оган, пред полицијата да возврати.
Мажот бил погоден од полицијата и успеал да излезе од ресторанот, но набрзо паднал. Полицијата, сепак, продолжила да пука во него и погодила еден член на програмата „Полицајци“, изјави Шмадерер, додавајќи дека тројцата полицајци што учествувале во инцидентот постапиле според правилата.
Во инцидентот убиени се 38-годишен Брис Дион, што работел за „Ленгли продакшн“ и 32-годишниот Кортес Вашингтон.
Реалното шоу „Полицајци“ се прикажува во најмалку 140 американски градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун