| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалот е моќна индустрија: Мирисот на парите ја опива бубамарата

Brazil Cile 05 (Custom)

Фуд­ба­лот е пла­не­тар­на страст, игра што е ма­сов­но за­ста­пе­на на си­те де­ло­ви од све­тот, а по­сто­ја­ни­от раз­вој и ин­ве­сти­ции во ин­фра­стру­кту­ра­та, во мар­ке­тин­гот и  во ку­по­про­даж­ба­та на фуд­ба­ле­ри го пре­тво­ри­ја во моќ­на ин­ду­стри­ја. Осо­бе­но во но­ви­от ми­ле­ни­ум, во пр­ви­те 14 го­ди­ни од 21 век. Ми­ли­јар­ди евра се вр­тат во фуд­бал­ска­та игра, транс­фе­ри­те вр­тог­ла­во рас­тат, а со нив и ин­те­ре­сот на гле­да­чи­те. Вло­жу­ва­ња­та се енорм­ни, а пла­ти­те и на­гра­ди­те по­сто­ја­но ги ури­ва­ат по­ста­ве­ни­те гра­ни­ци.

Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште е са­мо нез­на­чи­те­лен дел од бр­зо­ра­стеч­ка­та фуд­бал­ска ин­ду­стри­ја, со сла­би ефе­кти, вли­ја­ние и ре­зул­та­ти.

Лу­ксуз на те­рен, ѕвез­де­ни­от тим на Ре­ал Ма­дрид во Кар­диф со це­на од 466 ми­ли­о­ни евра

Лу­ксу­зот на те­рен, фан­та­стич­но ска­пи ти­мо­ви што чи­нат сто­ти­ци ми­ли­о­ни евра, са­мо ја пре­зен­ти­ра ма­ги­ја­та на фуд­бал­ска­та игра. Ре­кор­дот е по­ста­вен во Кар­диф на меч од Су­пер­ку­пот на Евро­па, а сопс­тве­ник е „кра­лот“ на фуд­ба­лот, Ре­ал Ма­дрид. Старт­ни­те 11 игра­чи на европ­ски­от пр­вак на нат­пре­ва­рот про­тив Се­вил­ја чи­неа точ­но 466 ми­ли­о­ни евра. Фе­но­ме­нал­на су­ма па­ри, из­во­нред­ни фуд­ба­ле­ри, ма­гич­на игра што но­си ти­ту­ли и прив­ле­ку­ва огро­мен ин­те­рес кај гле­да­чи­те, во ме­ди­у­ми­те и кај спон­зо­ри­те.

Real Madrid vs FC Barcelona

Фи­ло­зо­фи­ја­та на Ре­ал Ма­дрид од по­сто­е­ње­то е пре­поз­нат­ли­ва. Да се ку­пи нај­ска­по­то, нај­до­бро­то, без ог­лед на це­на­та. Од вре­ме­то на Фе­ренц Пу­шкаш, Ал­фре­до ди Сте­фа­но, пре­ку Лу­иш Фи­го, Зи­не­дин Зи­дан, Деј­вид Бе­кам, Ка­ка, па сѐ до де­неш­ни­от тим од со­ни­шта­та пред­во­ден од Кри­сти­ја­но Ро­нал­до, Ге­рет Бејл, Крос, Ро­дри­гез…

Фра­пан­тен е по­да­то­кот за рас­тот на це­ни­те на транс­фе­ри­те, а ток­му при­ме­рот на Ре­ал Ма­дрид е од­ли­чен при­каз на раз­во­јот на фуд­бал­ски­от па­зар. Во сеп­тем­ври 1953 го­ди­на Ал­фре­до ди Сте­фа­но, по мно­гу пер­и­пе­тии, при­стиг­на во глав­ни­от град на Шпа­ни­ја за це­на од 40 ил­ја­ди до­ла­ри. Го­ле­ма­та ар­ген­тин­ска и свет­ска ѕвез­да во пос­тво­е­ни­от пер­и­од бе­ше убед­ли­во нај­ска­пи­от играч во тој пер­и­од. Од ко­лум­би­ски­от Ми­ли­о­на­ри­ос  за­ми­на во Ре­ал Ма­дрид и оста­ви ве­чен пе­чат и во крал­ски­от клуб и во свет­ски­от фуд­бал. 

– Мо­ра да го ку­пи­ме Ди Сте­фа­но. Ед­но­став­но тоа е чин со кој Ре­ал ќе ја по­ка­же мо­ќта во свет­ски­от фуд­бал. Тој ќе ни би­де бо­жи­кен по­да­рок – из­ја­ви ле­ген­дар­ни­от пре­тсе­да­тел на Ре­ал Ма­дрид, Сан­ти­ја­го Бер­на­беу.

Ко­га Ре­ал ќе за­мис­ли не­што, ни­ту ед­на ба­ри­е­ра не е не­до­стиж­на. Се ури­ва­ат за­ко­ни­те, па­ри­те ста­ну­ва­ат не­важ­ни, а пред „кра­лот“ па­ѓа­ат и нај­моќ­ни­те. Бар­се­ло­на и шпан­ска­та фуд­бал­ска фе­де­ра­ци­ја беа не­моќ­ни да го спре­чат ре­корд­ни­от транс­фер на Си­на­та Стре­ла од Бу­е­нос Аи­рес.

di-stefano

Шпан­ска­та фуд­бал­ска фе­де­ра­ци­ја пре­ку ноќ ја „за­бо­ра­ви“ за­бра­на­та за транс­фе­ри на стран­ски фуд­ба­ле­ри, а Бар­се­ло­на го „пре­мол­чи“ до­го­во­рот за за­ед­нич­ки ан­гаж­ман на Ди Сте­фа­но со Ре­ал Ма­дрид. До­го­во­рот бе­ше Ар­ген­ти­не­цот да игра по две го­ди­ни за два­та ги­ган­ти на шпан­ски­от фуд­бал, но Ре­ал ѝ пла­ти от­ште­та на Бар­са и го до­би Афре­до. По по­ве­ќе од 60 го­ди­ни, Ре­ал сѐ уште е ли­дер спо­ред ска­пи­те за­си­лу­ва­ња, а рас­тот е вр­тог­лав. Од  40 ил­ја­ди до­ла­ри за Ди Сте­фа­но, до 100 ми­ли­о­ни евра за Ге­рет Бејл. По Вел­ша­не­цот, нај­скап е Кри­сти­ја­но Ро­нал­до со 96 ми­ли­о­ни евра, кои му беа пла­те­ни на Ман­че­стер ју­нај­тед, па Џејмс Ро­дри­гез со 80 ми­ли­о­ни евра ка­ко дел од три­о­то „кра­ле­ви“ што се на вр­вот спо­ред ви­си­на­та на па­ри­те пла­те­ни за ан­гаж­ман на фуд­бал­ски ѕвез­ди. Ре­ал е ли­дер пред уште не­кол­ку ек­стра-ска­пи ти­мо­ви од ка­ли­ба­рот на Ман­че­стер си­ти, Ман­че­стер ју­нај­тед, Чел­си, Па­ри Сен-Жер­мен, Бар­се­ло­на, Мо­на­ко, Ар­се­нал, Ли­вер­пул, Ју­вен­тус, Ба­ерн…. До­каз де­ка па­ри­те го вр­тат фуд­ба­лот, ин­ду­стри­ја во ко­ја сѐ по­ве­ќе се вло­жу­ва и во ко­ја не­ма ли­мит.

Анг­ли­ча­ни­те ма­хе­ри за мар­ке­тинг и за ТВ-пра­ва, до­го­вор од 5 ми­ли­јар­ди до­ла­ри за Пре­ми­ер­ли­га­та

The Premier League trophy

Анг­ли­ска­та Пре­ми­ер­ли­га е убед­ли­во нај­до­бри­от фуд­бал­ски про­из­вод, ма­ши­не­ри­ја за па­ри, мо­дел за ус­пе­шен мар­ке­тинг и за­ра­бо­тка од ТВ-пра­ва. Ви­стин­ска вој­на се во­ди ме­ѓу го­ле­ми­те те­ле­ви­зи­ски ком­па­нии за да се стиг­не до екск­лу­зи­вен до­го­вор за пре­нос на фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри од анг­ли­ско­то пр­венс­тво. На остро­вот се игра фан­та­сти­чен фуд­бал, а Пре­ми­ер­ли­га­та е маг­нет за гле­да­чи­те, и тоа не са­мо на до­маш­ни­от па­зар. А, од су­ми­те што се пла­ќа­ат за ТВ-пра­ва, ед­но­став­но бо­ли гла­ва. Но­ва­та се­зо­на поч­на, а при­хо­дот во овој дел ќе би­де око­лу 5 ми­ли­јар­ди до­ла­ри. По­го­ле­ми­от дел од таа су­ма го пла­ти­ја ТВ „Скај“ и БТ, точ­но 3 ми­ли­јар­ди евра, до­пол­ни­тел­ни 1,7 ми­ли­јар­да до­ла­ри се ин­ка­си­ра­ни од стран­ски те­ле­ви­зии за мож­но­ста да ги пре­не­су­ва­ат ду­е­ли­те на ги­ган­ти­те Ман­че­стер ју­нај­тед, Си­ти, Ар­се­нал, Чел­си…. Се вклу­чи и „Би-Би-Си“ за да го до­пол­ни бо­га­ти­от ко­лач со 300 ми­ли­о­ни до­ла­ри и да има пра­во да еми­ту­ва скра­те­ни сним­ки и прег­ле­ди од нат­пре­ва­ри­те во Анг­ли­ја. Зем­ја што е ме­ѓу глав­ни­те дви­га­те­ли на фуд­бал­ска­та ин­ду­стри­ја, ме­сто ка­де што фуд­ба­лот е ре­ли­ги­ја, ка­де што нат­пре­ва­ри­те се праз­ник и др­жа­ва во ко­ја во нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та се вр­тат и по де­се­ти­ци ми­ли­јар­ди евра. Од би­ле­ти, мар­ке­тинг, про­даж­ба на ТВ-пра­ва и ку­по­про­даж­ба на игра­чи. И са­мо ка­ко шлаг на тор­та­та, за­ра­бо­тка­та на но­ви­от анг­ли­ски шам­пи­он во се­зо­на­та 2014/15 ќе би­де око­лу 166 ми­ли­о­ни до­ла­ри са­мо од до­го­во­рот за ТВ-пра­ва те­жок точ­но 5 ми­ли­јар­ди до­ла­ри. При­ход што е два­па­ти по­го­лем од вкуп­на­та за­ра­бо­тка на европ­ски­от шам­пи­он Ре­ал од лан­ски­от цик­лус во лу­ксуз­на­та Ли­га на шам­пи­о­ни што ја ор­га­ни­зи­ра УЕ­ФА. По­да­то­кот де­ка го­ди­на­ва има­ше же­сто­ка би­тка на не­кол­ку ме­ди­ум­ски ги­ган­ти за ТВ-пра­ва­та во Пре­ми­ер­ли­га­та е си­гур­на га­ран­ци­ја за раст во овој сег­мент и уште по­ска­пи до­го­во­ри при про­даж­ба на ТВ-пра­ва­та во ид­ни­на. 

Му­дри­те од­лу­ки на пра­ктич­ни­те Гер­ман­ци

FC Bayern Munich vs VfB Stuttgart

При­каз­на­та е поз­на­та, Гер­ман­ци­те не тр­пат по­ра­зи, а се­тот мер­ки што ги пре­зе­доа на по­че­то­кот на овој ми­ле­ни­ум, по­ткре­пе­ни со ин­ве­сти­ци­ја од ми­ли­јар­да евра, се по­ка­жаа ка­ко му­дри од­лу­ки што но­сат па­ри и тро­феи. Бун­дес­ли­га­та е пре­поз­нат­ли­ва мар­ка не са­мо во фуд­ба­лот, ту­ку и оп­што во спор­тот, ли­га што вр­ти ми­ли­јар­ди евра, ед­на од нај­по­се­те­ни­те во све­тот. Мо­де­лот што во ко­про­дук­ци­ја на ра­ко­водс­тво­то на Бун­дес­ли­га­та, на чел­ни­ци­те на гер­ман­ска­та фе­де­ра­ци­ја и на клу­бо­ви­те бе­ше при­ме­нет не­ка­де во 2006 го­ди­на до­не­се со­вр­ше­ни ре­зул­та­ти. Огром­ни­те вло­жу­ва­ња во ин­фра­стру­кту­ра, ста­ди­о­ни, те­ре­ни, обра­зу­ван фуд­бал­ски ка­дар и во мла­дин­ски ка­те­го­рии и ака­де­мии се по­ка­жа ка­ко мош­не ра­ци­о­на­лен, пра­кти­чен и ефе­ктен. Гер­ма­ни­ја до­ми­ни­ра на фуд­бал­ски план. На крил­ја­та на ин­ве­сти­ци­и­те од око­лу ед­на ми­ли­јар­да евра е осво­е­на и ти­ту­ла­та свет­ски пр­вак ле­то­во на мун­ди­ја­лот во Бра­зил, зем­ја­та ста­на рас­ад­ник на фуд­бал­ски та­лен­ти, а по­се­та­та на ста­ди­о­ни­те и за­ра­бо­тка­та на мар­ке­тин­шки план го вра­ќа вло­гот и но­си за­ра­бо­тка. Клу­бо­ви­те се ста­бил­ни, Ба­ерн Мин­хен и Бо­ру­си­ја Дорт­мунд се во топ 10 нај­до­бри фуд­бал­ски ими­ња на пла­не­та­та, а Гер­ма­ни­ја е акту­е­лен се­ни­ор­ски свет­ски пр­вак и со фуд­бал­ска­та об­но­ва стиг­на и до исто­ри­ска­та пр­ва европ­ска ти­ту­ла во мла­дин­ска ка­те­го­ри­ја. Бун­дес­ли­га­та и во­оп­што гер­ман­ски­от фуд­бал мо­жат да се по­фа­лат со уште еден фан­та­сти­чен ре­зул­тат, а тоа е нај­до­бра по­се­та на ста­ди­о­ни­те. Во пла­нот за ре­кон­струк­ци­ја на гер­ман­ски­от фуд­бал мно­гу па­ри се по­тро­ши­ја за об­но­ву­ва­ње на ста­ди­о­ни­те, аре­ни што де­не­ска се мо­дел за оста­то­кот од све­тот. Мин­хен, Дорт­мунд, Фран­кфурт, Ле­вер­ку­зен, Шту­тгарт и оста­на­ти­те бун­дес­ли­га­ши има­ат ул­тра­мо­дер­ни ста­ди­о­ни на кои сле­де­ње­то нат­пре­вар бу­ди по­себ­ни чув­ства. Фи­ли­гран­ски пре­циз­но се спро­ве­доа и нај­сит­ни­те де­та­ли за мо­дер­ни­за­ци­ја на фуд­бал­ски­те ста­ди­о­ни, а ре­кор­дот по број на гле­да­ност на нат­пре­ва­ри­те во Гер­ма­ни­ја по­сто­ја­но бе­ле­жи раст. Ко­га на вто­ро­ли­га­шки нат­пре­вар ќе при­стиг­нат 22 ил­ја­ди го­стин­ски на­ви­ва­чи (Ди­на­мо Дрез­ден про­тив Мин­хен 1860) и ко­га око­лу 30 ил­ја­ди на­ви­ва­чи ќе си пла­тат влез­ни­ци, а не сме­ат да го сле­дат нат­пре­ва­рот од три­би­ни­те (по­втор­но на­ви­ва­чи на Ди­на­мо Дрез­ден), зна­чи сте ја на­пра­ви­ле ви­стин­ска­та ра­бо­та. Са­мо за по­твр­да на увер­ли­ви­те ар­гу­мен­ти де­ка гер­ман­ски­от план пот­пол­но ус­пеа е по­да­то­кот де­ка на тре­то­ли­га­шко­то дер­би ме­ѓу Мин­стер и Ар­ми­ни­ја Би­ле­фелд има­ше 30 ил­ја­ди гле­да­чи, не­што што е не­до­стиж­но за пр­во­ли­га­шки­те нат­пре­ва­ри и во нај­раз­ви­е­ни­те зем­ји. Гер­ман­ци­те од­лич­но зна­ат де­ка па­ри­те го вр­тат све­тот, а нив­ни­от фуд­бал­ски бум е зна­ча­ен сег­мент во фе­но­ме­нал­ни­от раст на оваа игра на пла­не­тар­но ни­во. 

Фуд­бал на ма­ке­дон­ски на­чин

makedonija - vels_017

Ма­ке­до­ни­ја, за жал, е над­вор од мо­дер­ни­те те­ко­ви на фуд­бал­ска­та игра, со по­сто­јан пад во си­те сег­мен­ти. Ре­пре­зен­та­ци­ја­та е да­ле­ку од ос­тва­ру­ва­ње на со­нот за плас­ман на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње, се­кој цик­лус по­сто­ја­но се трг­ну­ва од­но­во, а до­маш­ни­от фуд­бал е по­себ­на при­каз­на. Со нез­на­чи­тел­ни ин­ве­сти­ции во мо­дер­ни­за­ци­ја, во по­до­бру­ва­ње на ин­фра­стру­кту­ра­та, по­ве­ќе од 20 го­ди­ни са­мо­стој­ност се бо­ри­ме со исти­те проб­ле­ми. Клу­бо­ви­те се сла­би, не­кон­ку­рент­ни во европ­ски­те ку­по­ви, по­се­та­та на ста­ди­о­ни­те е ми­зер­на, а ус­ло­ви­те ло­ши. Отсус­тву­ва зна­е­ње­то, струч­но­ста, не­ма ме­наџ­мент во клу­бо­ви­те, мар­ке­тин­гот е мис­лов­на имен­ка, ка­ко и прин­ци­пи­те на „know-how“ ши­ро­ко при­ме­не­ти во раз­ви­е­ни­от фуд­бал­ски свет. Да се знае ка­ко до цел­та е ед­на од нај­важ­ни­те ра­бо­ти во си­те сфе­ри на мо­дер­но­то жи­ве­е­ње, па и во спор­тот, но, за жал, тоа ка­ко да не ва­жи за ма­ке­дон­ски­от фуд­бал. Ра­бо­та­та со мла­ди­те ка­те­го­рии е сти­хиј­на, без вид­ли­ва стра­те­ги­ја, Пр­ва­та ли­га ни е со лош ква­ли­тет, фуд­ба­ле­ри­те се сла­бо пла­те­ни, со чест на ма­ли иск­лу­чо­ци, што са­мо го по­твр­ду­ва пра­ви­ло­то. Вар­дар и Шкен­ди­ја од не­о­дам­на поч­наа со по­за­си­ле­но тем­по да ги се­дат мо­дер­ни­те фуд­бал­ски те­ко­ви, се из­гра­ди уба­ва­та аре­на „Фи­лип Вто­ри“ во Скоп­је, но се­то тоа е са­мо кап­ка во мо­ре­то. За фа­ќа­ње прик­лу­чок кон мо­дер­ни­от фуд­бал се по­треб­ни стра­те­ги­ја, му­дри од­лу­ки и мно­гу па­ри. При­ме­рот на Ре­ал Ма­дрид, кој е нај­бо­гат клуб на пла­не­та­та со вред­ност од 256 ми­ли­јар­ди евра, при­ме­рот на Гер­ма­ни­ја и неј­зи­ни­от влог од ед­на ми­ли­јар­да евра и при­ме­рот на Анг­ли­ја со из­во­нред­ни­от мо­дел на мар­ке­тинг и ТВ-пра­ва се ви­стин­ски учеб­ник за раз­вој на фуд­ба­лот. Ма­ке­до­ни­ја ја не­ма таа моќ, но има мно­гу сег­мен­ти во кои мо­же да на­пра­ви огро­мен на­пре­док. По­ма­ли­те зем­ји што не­ма­ат фи­нан­си­ска моќ го на­со­чи­ја вни­ма­ни­е­то кон ра­бо­та со мла­ди ка­те­го­рии фуд­ба­ле­ри и раз­вој на фуд­бал­ски ака­де­мии. Ние има­ме та­лен­ти, ова под­неб­је знае да це­ни ква­ли­тет и до­бра ра­бо­та, а фуд­ба­лот се са­ка по­дед­на­кво ка­ко и во раз­ви­е­ни­те зем­ји. Ни не­до­сти­га му­дра стра­те­ги­ја за по­се­ри­о­зен че­кор на фуд­бал­ска­та сце­на, во игра­та ко­ја ста­на моќ­на ин­ду­стри­ја што вр­ти огром­ни па­ри.

Пишува: Зоран Поповски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top