– Џоди Марш е мојата инспирација. Таа изгледа одлично, сакав да бидам како неа, мускулеста, но женствена- изјавила Ејми.

За да го добиете саканиот изглед, Ејми тренирала шест пати неделно ијадела здрава храна, пилешко месо, зеленчук и риба. Себе си се частела еден ден во неделата, со својата омилена калорична храна.

– Пред да почнам да тренирам ја мразев теретаната и мојот стомак изгледаше лошо, јадев погрешна храна и вишокот килограми се таложеше на стомакот – додала мајката на две деца, Лили и Бруклин.
За да има повеќе време да вежба Ејми ја напуштила својата работа во суд.

Со упорност стигнала до победа на Државниот натпревар за аматерски бодибилдери. Со своите промени предизвикала само позитивни коментари.
Ејми сега сака да стане личен тренер.
– Би сакал да мотивирам други жени и да им покажам без страв да го прифатат мускулестиот изглед – изјавила Ејми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


