Пред нас е ноќ која ќе биде најстудената оваа зима што значи првото утро од климатолошката пролет ќе биде поларно студено. Тоа значи дека климатолошката пролет оваа година се прекинува и ќе биде заменета со поларна зима, објави „Метеомакс“.
Сето ова е поради чудовиштето од поларен вртлог кој буквално ја зафаќа цела Европа и цел Балкан.
Претстојната ноќ која ни доаѓа врнежите насекаде ќе престанат.
Утрешното четврточно утро ќе биде најстуденото оваа зима кога овој поларен бран ќе го достигне својот максимум па така минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени, додека на високите планини температурите на воздухот можно е да се спуштат дури и под -20 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -1 до 5 степени.
Променливо време ќе имаме и утре (четврток) кога во текот на денот на запад ќе започнат послаби врнежи најпрвин од снег но потоа поради јужното воздушно струење и поради затоплувањето постепено ќе поминуваат во дожд на пониските места додека не се исклучува можноста и за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има вечерта и ноќта кон петок на крајниот запад.
Ќе започне да дува и јужен ветер па токму тој ќе го донесе и затоплувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.