| четврток, 6 декември 2018 |

Hello Kitty не е мачка!

heloy

Феноменот со кој полуде целиот свет, познатата „мачка“ Hello Kitty, крие многу интересни нешта кои повеќето луѓе не ги знаат . Тајната на нејзината популарност лежи во фактот дека таа нема емоции, и ” празнина ” во нејзиниот дизајн со што нуди можност за луѓето да и препишат различни емоции , објаснува антрополог Кристин Јано .

Овој цртан лик има многу интересни факти:

– Можете да и дадете гитара, да ја ставите на сцена…всушност можете да направите што сакате од неа. Токму поради ова таа ги привлекува луѓето – објаснува антрополог од Универзитетот на Хаваи .
Во чест на нејзиниот 40-тиот роденден , во Лос Анџелес ќе се одржи голема изложба посветена на развојот на оваа појава. Кристин Јано открива некои малку познати факти за Hello Kitty.

1. Таа не е мачка

Иако нејзиното име е Kitty ( мачка), таа тоа не е. Всушност, Кристин објаснува дека и таа верувала во тоа, но познавачите на овој лик ја исправиле.

– Hello Kitty не е мачка. Тоа е цртан лик. Таа е мала девојка. Таа е пријател. Но таа не е мачка. Таа никогаш не прооде на сите четири нозе. Оди и седи како секое суштество на две нозе. Таа има домашно милениче по име Карма Кити – објаснува антропологот .

2. По потекло е Британка

Hello Kitty има цела животна приказна, која многу фанови не знаат. Нејзиното вистинско име е Кити Вајт, во хороскоп е Шкорпија, сака пита со јаболки и нејзините родители се викаат Џорџ и Мари Вајт .
Таа има сестра близначка , и оди во трето одделение. Живее во близина на Лондон .
Интересно е тоа што Hello Kitty е создадена во 70-ти, кога Jапонците беа вљубени во Велика Британија. Ја идеализираа неа, затоа што таа е британската Кити.

3. Особено е важна за Азијците, САД

Иако сега е светски познат лик и сите ја сакаат, посебна поврзаност со овој цртан лик имаат Азијатите што живеат во Америка. Кристин објаснува зошто.

– Кога Hello Kitty дојде во Америка во средината на 70-тите години, пред се беше популарнаво азискиот кварт, каде што живееа Кинези и Јапонци. Кога зборуваме со Јапонците кои израснале во Америка во 70-тите, тие ќе ви кажат дека овој лик им значи многу, бидејќи е нивен. Тие тоа го гледаат како симбол на идентитетот – вели Јано

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top