Бугарскиот тим Лудогорец за прв пат во клупската историја ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите.Оваа екипа синоќа во Софија на пенали успеа да ја елиминира романската Стеауа Букурешт и да обезбеди место помеѓу најдобрите тимови од Стариот Континтент.
Но, има еден „мал“ проблем. Нивниот стадион „Лудогорец Арена“ не ги исполнува условите за играње на натпревари од Лигата на шампионите, па тие го пријавиле стадионот „Васил Левски“, на кој ги одиграа досегашните квалификации.
Сепак, овој спортсхи храм е од трета категорија, но правилата на УЕФА велат дека натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите можат да се само на стадионите од четврта категорија.
Поради тоа, на бугарскиот тим им е наложено да играат во Букурешт, на стадионот на Стеауа, или во Скопје, на Арената „Филип Втори“.
Првиот човек на Лудогорец, бизнисменот Кирил Домусчиев изјави дека тие ќе направат се овој тим натпреварите да ги игра во Софија. УЕФА само треба да ги каже кои услови треба да ги исполнат и тие до почетокот на мечечите од групната фаза од ЛШ ќе го реконструираат „Васил Левски“.
По ова прашање се огласи и извршниот директор на тимот Ангел Петричиев, кој во моментов е во Монако каде ќе се одржи ждрепката за групната фаза од ЛШ.
-Има некои препораки и сугестии од УЕФА, но тоа не се работи кои ние не можеме да ги решиме. Ви велам дека нема шанси да играме на друго место освен во Софија, изјави извршниот директор на клубот за бугарските медиуми.
Сепак, последниот збор го има УЕФА, а наскоро ќе се знае дали стадионот „Васил Левски“ ќе добие зелено светло или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.