| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Надал тандем за успеси

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал си додадоа по уште една тениска титула во богатите колекции со трофеи.

Ѓоковиќ по 4. пат го освои турнирот во Дубаи, по победата во финалето против Томаш Бердих со 7-5, 6-3. Српскиот тенисер 13. пат во 14 меѓусебни средби беше подобар од Бердих, а титулата му е вкупно 36.

Надал го одигра третиот турнир по враќањето на тениските терени. Шпанецот паузираше 7 месеци, но фаќа ритам и игра во старата добра форма. Потврда за тоа е декласирањето на сонародникот Давид Ферер во финалето во Акапулко со 6-0, 6-2. Ферер е одличен тенисер и голем борец, но Надал лесно го надигра и ја забележа 52. турнирска победа во кариерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top