| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Да покажеме толеранција и разбирање, да научиме да простуваме

vmro-dpmne1_11
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица.

– Денес сите православни христијани ги чествуваат мирот, мудроста и толеранцијата, вредности кои се силно вкоренети во нашата вера и традиција, вредности кои ни носат спокој и радост во душата. Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, нека овој светол празник донесе љубов и среќа во секој дом. На вака голем ден да покажеме толеранција и разбирање, да научиме да простуваме и да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е клучот на патот до исполнет и спокоен живот, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top