| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница од соништата на Ферари

Милиони обожувачи на спортски автомобили би му позавиделе на Марко Ариги за оваа работилница. Тој е раководител на одделението за класични автомобили во Ферари во седиштето на фирмата во италијанскиот град Маранело. Под неговото будно око се реставрираат некои од најубавите автомобили во светот.

Од овој модел 250 ГТО, ширум свет постојат само 39 примероци. Пред генералната санација, вредноста наводно му изнесувала 30 милиони евра. А потоа се проценува на 50 милиони евра. Во споредба со тоа, трошоците за реставрација од 400 илјади евра делуваат незначително.

„Филозофија на реставрацијата е да се задржи што е можно поголем број оригинални делови или да се обнови оригиналот“, објаснува Ариги, раководител на Ферари класик карс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top