| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Путин да објасни за извештаите за нови упади на руска војска во Украина

Russian president Putin in Berlin Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во телефонски разговор му рекла на рускиот претседател Владимир Путин дека извештаите за нови упади на руска војска на територијата на Украина мора да бидат разјаснети, изјави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт.

– Најновите извештаи за присуство на руски војници на украинска територија мора да бидат објаснети.

Таа истакна дека Русија има голема одговорност да ја смири ситуацијата и да ги надгледува своите граници, наведе Зајберт.

Киев денеска ја обвини Русија дека „повторно ја пробила источната граница на Украина“, но Москва демантира дека испраќа оружје за војници на проруските сили во источна Украина кои се во судир со украинските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top