Најголемото засилување за тимот на Арсен Венгер ова лето Алексис Санчез беше стрелец на единствениот гол вечерва во Лондон во реванш дуелот од квалификациите за Лигата на шампионите против Бешикташ.
Првиот натпревар во Истанбул заврши без победник 0-0 и голот на Санчез значи и пласман во групната фаза од најсилното европско натпреварување.
За да биде пласманот во Лигата на шампионите за Арсенал уште потежок се погрижи Дебуши кој во 75 минута заработи втор жолт картон што значи автоматски црвен и мораше да ја напушти играта и да ги остави своите соиграчи на цедило во последните 15 минути.
Тоа не го искористи Бешикташ кој немаше сили да постигне гол и со тоа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите.
Во останатите четири натпревари кои требаа да ги дадат последните патници во Лигата на шампионите, Атлетик Билбао го декласираше тимот на Наполи со 3-1 и со вкупен разултат 4-2 заслужено есенва ќе игра во фудбалска Европа.
Баер Леверкузен рутински дојде до победата над објективно послабиот тим на Копенхаген со 4-0 кој пак беше поразен и на домашен терен пред седум дена со 3-2.
Најголемото изненадување вечерва го направи тимот на Малме кој непријатно го изненади тимот на Салзбург со 3-0 и со вкупен резултат 4-2 заслужено ќе им прави друшство на „големите“ тимови во Лигата на шампоните.
Последниот патник односно 32 учесник е Лудогорец кој успеа да ја анулира предноста на Стеауа од првиот натпревар од 1-0 и со идентичен резултат се избори за изведување на пенали откако во продолженијата мрежите мируваа.
Играчите на бугарскиот преставник беа по сконцетрирани и во пенал рулетот дури по седмата серија извојуваа победа и ги направија горди љубителите на фудбалот кај нашиот источен сосед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.