Детроит e во „извонредно тешка финансиска состојба“ и е на прагот од банкрот, соопшти гувернерот на американската сојузна држава Мичиген, Рик Снајдер. Тој вели дека градоначаникот на Детроит, Дејв Бинг има 10 дена рок да подготви план за спас на градскиот буџет или во спротивно тој ќе мора да назначи принуден управник на градот.
Вкупниот долг на Детроит во моментов изнесува 14 милијарди долари, а вкупниот дефицит на градскиот буџет достигна 327 милиони долари. Без дирекна финансиска „инјекција“ од надвор, градот нема да може да ги покрие обврските во висина од 100 милиони долари кои доспеваат деновиве.
Деетрот, кој е центар на автомобилската индустрија на САД, се наоѓа во криза уште од 70-те години на минатиот век, но таа дополнително се продлабочи за време на глобалната економска криза.
Бројот на жителите на Детроит денес е речиси двојно помал во однос на 1950 година.
Доколку не биде најдено решение за излез од кризата, Детроит ќе биде најголемиот банкротиран град во САД во поновата историја. Во 2011 година во САД банкротираа главниот град на сојузната држава Пензилванија, Харисбург и три помали града во Калифорнија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


