| четврток, 6 декември 2018 |

Танески: Не може секој да биде оџа и поп

nenad taneskiМа­ке­до­ни­ја не мо­же да би­де и да оста­не иму­на на ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти и не е лес­но да се раз­бие мре­жа на ек­стре­ми­стич­ка ми­ли­тант­на ор­га­ни­за­ци­ја. Мо­мен­тот што за Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва се­ри­о­зен проб­лем е ка­ко да се спро­ве­де ак­ци­ја про­тив овие стру­кту­ри, а при­тоа ни­ту еден по­ли­тич­ки суб­јект да не ја иско­ри­сти за со­би­ра­ње пар­ти­ски по­е­ни на сме­тка на за­о­стру­ва­ње на ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си – сме­та д-р Не­над Та­не­ски, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор. Тој во раз­го­вор за „Ре­пуб­ли­ка“ ве­ли де­ка за­се­га број­ка­та на ра­ди­кал­ни по­е­дин­ци што се бо­рат во дру­ги др­жа­ви на стра­на на те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции не е за­гри­жу­вач­ка. Но, тоа што е важ­но, е таа број­ка да не про­гре­си­ра. Ма­ке­до­ни­ја под­го­тву­ва за­кон со кој ќе се пред­ви­дат за­твор­ски каз­ни за тие што ор­га­ни­зи­ра­ат, ре­гру­ти­ра­ат или учес­тву­ва­ат во во­е­ни конф­ли­кти во дру­ги др­жа­ви. Про­фе­со­рот, доктор по науки за безбедност, сме­та де­ка за­ко­нот е са­мо ед­на од ала­тки­те со кои др­жа­ва­та се со­о­чу­ва со ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри. Од ви­тал­но зна­че­ње е да се спре­чи „из­во­рот на ре­гру­ти­ра­ње“, кој прет­ста­ву­ва пр­вич­на вр­ска до гло­бал­на­та мре­жа на учес­ни­ци во џи­хад.

Ис­ла­миз­мот во пос­лед­но вре­ме е сѐ по­за­ста­пен на Бал­ка­нот, ба­рем во ме­ди­у­ми­те. Ка­ква е ва­ша­та без­бед­нос­на про­це­на за ре­ги­о­нот? На што се дол­жи ва­ква­та сли­ка и ка­де се нај­о­пас­ни овие стру­кту­ри?

Та­не­ски: Мо­же­би во пос­лед­но вре­ме пра­ша­ње­то за ис­ла­миз­мот,за ре­ис­ла­ми­за­ци­ја­та на Бал­ка­нот, за „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“, ка­ко и за ра­ди­кал­ни­те ис­лам­ски стру­кту­ри на Бал­ка­нот, ста­ну­ва ме­ди­ум­ски по­за­ста­пе­но, но овие пра­ша­ња во из­ве­шта­и­те на раз­уз­на­вач­ки­те служ­би се срет­ну­ваа уште од вре­ме­то на Ју­гос­ла­ви­ја. Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, са­ла­та во Са­ра­е­во што бе­ше из­гра­де­на за Олим­пи­ски­те игри од 1984 го­ди­на бе­ше име­ну­ва­на „Зе-тра“. Но, се­пак, ре­ги­о­нот, ка­ко и Ма­ке­до­ни­ја, не се изо­ли­ра­ни од свет­ски­те збид­ну­ва­ња. Ако све­тот се со­о­чу­ва со еден нов вид без­бед­нос­на за­ка­на ви­де­на во до­маш­ни­от те­ро­ри­зам, чи­и­што но­си­те­ли се ра­ди­кал­ни ис­ла­ми­сти (по­е­дин­ци, гру­пи или ду­ри и ор­га­ни­за­ции) не мо­же­ме да ка­же­ме де­ка оваа но­ва без­бед­нос­на за­ка­на не е ре­ал­на за­ка­на и за без­бед­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја. Се­ка­ко, во ин­те­рес на гра­де­ње мул­ти­ет­нич­ко и мул­ти­кон­фе­си­о­нал­но оп­штес­тво бе­ше ко­рис­но што ова пра­ша­ње се оста­ви за „по­тоа“. Но, до­де­ка во цел свет се збо­ру­ва­ше и пи­шу­ва­ше за ра­ди­кал­ни­от ис­лам, ис­лам­ски­от фун­да­мен­та­ли­зам и ек­стре­ми­зам, ка­ко но­ва за­ка­на за све­тот, во Ма­ке­до­ни­ја оваа тер­ми­но­ло­ги­ја бе­ше по­сто­ја­но из­бег­ну­ва­на. Иа­ко, во нај­ма­ла ме­ра, е не­од­го­вор­но Ма­ке­до­ни­ја да се пер­це­пи­ра ка­ко над­вор од европ­ски­те и свет­ски слу­чу­ва­ња, се­пак, ни­ту еден слу­чај не бе­ше до­вол­но си­лен за ше­по­те­ња­та да ги за­ме­ни со глас­на агру­мен­ти­ра­на из­ја­ва, ко­ја по­на­та­му не би се иско­ри­сти­ла за до­пол­ни­тел­но вло­шу­ва­ње на ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си.

Во од­нос на Бал­ка­нот, при­сус­тво­то на Ал Ка­е­да и на неј­зи­ни­те бор­ци­ нај­че­сто се по­вр­зу­ва со Бос­на. Иа­ко не­кои ана­ли­ти­ча­ри твр­дат де­ка и во Ма­ке­до­ни­ја се при­сут­ни ра­ди­кал­ни ис­ла­ми­сти, се­пак, ге­не­рал­на­та оце­на бе­ше де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е цел на ова гло­бал­но бун­тов­ниш­тво. Но, пе­ткрат­но­то убис­тво­то од април 2012 го­ди­на, ка­ко од струч­на­та, та­ка и од на­уч­на­та јав­ност, бе­ше оце­не­то ка­ко те­ро­ри­стич­ки чин мо­ти­ви­ран од ра­ди­кал­на ис­ла­ми­стич­ка иде­о­ло­ги­ја, до­де­ка дру­ги од­би­ваа на овој акт да му да­дат ре­ли­ги­ски предз­нак оце­ну­вај­ќи го ка­ко кри­ми­нал­но де­ло. Во овој не­ин­те­гри­ран дел на Бал­ка­нот, во кој спа­ѓа и Ма­ке­до­ни­ја, ве­ќе две де­це­нии се спро­ве­ду­ва кон­ти­ну­и­ра­но про­ди­ра­ње на ми­ли­тант­ни­те ис­ла­ми­сти. Со­од­вет­ни­те по­ка­за­те­ли ука­жу­ва­ат на тоа де­ка до де­нес око­лу 500.000 бал­кан­ски мус­ли­ма­ни, Бош­ња­ци и Ал­бан­ци го има­ат при­фа­те­но ра­ди­кал­но­то ис­ла­ми­стич­ко уче­ње. Тре­ба да се при­фа­ти де­ка оваа но­ва опас­ност, ко­ја во из­ми­на­ти­те го­ди­ни бе­ше мар­ги­на­ли­зи­ра­на или це­лос­но отфр­ле­на, де­нес прет­ста­ву­ва ре­ал­на за­ка­на.

Од ка­де се фи­нан­си­е­ри­те и ор­га­ни­за­то­ри­те, од овие про­сто­ри или од Бли­ски­от Исток?

Та­не­ски: Во за­пад­ни­те др­жа­ви по­сто­јат мно­гу из­ве­штаи, кои се јав­но до­стап­ни за фи­нан­си­ра­ње­то на ва­кви­те стру­кту­ри на Бал­ка­нот. По­сто­јат и за Ма­ке­до­ни­ја. Спо­ред овие из­ве­штаи, нај­че­сто ка­ко фи­нан­си­е­ри се спо­ме­ну­ва­ат др­жа­ви од Бли­ски­от Исток, чи­и­што па­ри се уп­ла­ќа­ат на сме­тки на ху­ма­ни­тар­ни ор­га­ни­за­ции, а во одре­де­ни слу­чаи и на по­е­дин­ци. Тие обез­бе­ду­ва­ат и ло­ги­стич­ка под­др­шка, обез­бе­ду­ва­ат сти­пен­дии за на­да­ре­ни сту­ден­ти, кои отка­ко ќе се обу­чат се вра­ќа­ат во зем­ји­те на Бал­ка­нот со јас­но опре­де­ле­ни це­ли – ка­ко да ја спро­ве­дат нив­на­та иде­о­ло­ги­ја. Та­ка што во рам­ки­те на по­ну­де­но­то од из­ве­шта­и­те на за­пад­но­е­вроп­ски­те др­жа­ви мо­жам да зак­лу­чам де­ка фи­нан­си­е­ри­те нај­че­сто се над­во­реш­ни суб­је­кти, а ор­га­ни­за­то­ри­те се ин­до­ктри­ни­ра­ни по­е­дин­ци за за­ве­ду­ва­ње и за ма­ни­пу­ли­ра­ње ма­си, кои се до­бро­е­таб­ли­ра­ни во сре­ди­ни­те од кои по­тек­ну­ва­ат.

04

Кои се нив­ни­те на­ме­ри? Фор­ми­ра­ње ис­лам­ска др­жа­ва што ќе ги обе­ди­ни си­те мус­ли­ман­ски те­ри­то­рии на Бал­ка­нот или, пак, са­мо ка­ко ба­за за по­ле­сен при­стап до европ­ски­те ме­тро­по­ли?

Та­не­ски: На­ме­ри­те на овие стру­кту­ри се во рам­ки­те на прет­по­ста­вки­те, а тие се мал­ку по­ши­ро­ки од две­те прет­по­ста­вки на­ве­де­ни во пра­ша­ње­то. Ако ја пог­лед­не­ме ме­ѓу­на­род­на­та сце­на и та­му на­ме­ри­те се ис­преп­ле­ту­ва­ат, но и се раз­и­ду­ва­ат. Па та­ка, под мар­ка­та Ал Ка­е­да се ја­ву­ва­ат мно­гу ек­стре­ми­стич­ки ор­га­ни­за­ции. Иа­ко ка­ко гло­балнa ор­га­ни­за­ци­ја Ал Ка­е­да има јас­но и јав­но де­фи­ни­ра­ни це­ли, на ло­кал­но ни­во (во за­вис­ност за ко­ја др­жа­ва ста­ну­ва збор) це­ли­те и на­ме­ри­те се раз­ли­ку­ва­ат. Тие не­ко­гаш прет­ста­ву­ва­ат сим­би­о­за на транс­на­ци­о­на­лен кри­ми­нал и те­ро­ри­зам, не­ко­гаш пре­ку нив се истак­ну­ва ек­стре­ми­стич­ка­та вер­ска иде­о­ло­ги­ја, не­ко­гаш це­ли­те се вр­за­ни со ос­тва­ру­ва­ње ре­ли­ги­ски или по­ли­тич­ки пра­ва, а во по­но­во вре­ме кај не­кои ло­кал­ни естре­ми­стич­ки фрак­ции се наг­ла­су­ва иде­ја­та за фор­ми­ра­ње ка­ли­фат. И во од­нос на Бал­ка­нот не по­сто­јат го­ле­ми раз­ли­ки. По­е­дин­ци и гру­пи пре­ку ек­стре­ми­стич­ки­те ор­га­ни­за­ции не­ко­гаш има­ат на­ме­ра лич­но да се збо­га­тат, не­ко­гаш са­ка­ат да спро­ве­дат ек­стре­ми­стич­ка иде­о­ло­ги­ја на овие про­сто­ри со крај­на цел ед­на др­жа­ва за си­те мус­ли­ма­ни, не­ко­гаш се под­др­шка на ќе­ли­и­те во За­пад­на Евро­па и по­ткре­па на исто­мис­ле­ни­ци­те во тран­зит итн. Ко­неч­но, за на­ме­ри­те мо­же­ме да шпе­ку­ли­ра­ме и да прет­по­ста­ву­ва­ме, но си­гур­но де­ка ако ед­на­та на­ме­ра е по­ле­сен при­стап до европ­ски­те др­жа­ви, тоа не ја иск­лу­чу­ва на­ме­ра­та за фор­ми­ра­ње за­ед­нич­ка др­жа­ва за си­те мус­ли­ма­ни.

 

Ко­сов­ски­те вла­сти приз­на­ва­ат де­ка има­ат го­лем проб­лем со ра­ди­кал­ни­от ис­лам, кој ве­ќе по­дол­го вре­ме е за­ка­на за се­ку­лар­но­ста на др­жа­ва­та. Ако овие стру­кту­ри се за­ка­на за др­жа­ва со до­ми­нант­но мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние, то­гаш кол­ку е те­шко, од­нос­но лес­но да ги ис­пол­нат сво­и­те це­ли во зем­ја ка­ко на­ша­та, ка­де што има­ме чув­стви­тел­ни ме­ѓу­на­ци­о­нал­ни од­но­си?

Та­не­ски: За ра­ди­кал­ни по­е­дин­ци што се бо­рат во дру­ги др­жа­ви на стра­на на те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции јав­но се збо­ру­ва и во Ал­ба­ни­ја и во Бос­на, а и кај нас. За сре­ќа, ба­рем за­се­га, во Ма­ке­до­ни­ја број­ки­те не се за­гри­жу­вач­ки. Искре­но се на­де­вам де­ка на­ско­ро број­ка­та не­ма да про­гре­си­ра. Ако во Бри­та­ни­ја, Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, САД, итн. со ге­не­ра­ции жи­ве­ат еми­гран­ти од Бли­ски­от Исток, кои мно­гу лес­но мо­жат да се иден­ти­фи­ку­ва­ат со бор­ци­те од бли­ско­и­сточ­ни­те те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции (ја­зик, кул­ту­ра, вос­пи­та­ние, ме­сто на по­тек­ло итн.) во Ма­ке­до­ни­ја таа број­ка е нез­на­чи­тел­на. Единс­тве­на за­ка­на мо­же да гле­да во ин­до­ктри­ни­ра­ни­те по­е­дин­ци што ту­ка ре­гру­ти­ра­ат (за­ве­ду­ва­ат) мла­ди мус­ли­ма­ни.

На по­че­то­кот на ме­се­цот во Ко­со­во бе­ше из­вр­ше­на по­ли­ци­ска ак­ци­ја за раз­би­ва­ње мре­жа ми­ли­тант­ни ис­ла­ми­сти, при што бе­ше уап­сен и ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин. Тоа е уште ед­на по­твр­да де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е иму­на на овие по­ја­ви, но мно­гу е те­шко да се на­пра­ви раз­ли­ка, од­нос­но да се изо­ли­ра­ат овие гру­пи од ви­стин­ски­те вер­ни­ци?

Та­не­ски: Во пра­во сте, ни­ту Ма­ке­до­ни­ја мо­же да би­де и да оста­не иму­на на овие по­ја­ви, ни­ту е лес­но да се раз­бие мре­жа на ек­стре­ми­стич­ка ми­ли­тант­на ор­га­ни­за­ци­ја. Мо­мен­тот што за Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва се­ри­о­зен проб­лем е ка­ко да се спро­ве­де ак­ци­ја про­тив овие стру­кту­ри, а при­тоа на кра­јот ни­ту еден по­ли­тич­ки суб­јект да не ја иско­ри­сти во со­би­ра­ње пар­ти­ски по­е­ни на сме­тка на за­о­стру­ва­ње на ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си.

По­ли­тич­ки­те пар­тии на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, ин­те­ле­кту­ал­ци­те, но­ви­на­ри­те, а,  пред сѐ, вер­ски­те ли­де­ри од ИВЗ, ре­чи­си не сме ги слуш­на­ле јав­но да збо­ру­ва­ат про­тив оваа по­ја­ва во зем­ја­та или, пак, да ги пре­ду­пре­дат при­вр­за­ни­ци­те на тра­ди­ци­о­нал­ни­от ис­лам да се за­шти­тат од овие стру­кту­ри. Зо­што ова е та­бу-те­ма ме­ѓу мус­ли­ма­ни­те во зем­ја­ва? По­ра­ди страв, фи­нан­си­ски ин­те­рес, иде­о­ло­шка по­вр­за­ност…?

Та­не­ски: На­ја­кту­ел­но ис­ла­ми­стич­ко дви­же­ње со предз­на­кот ра­ди­кал­но на Бал­ка­нот, па и во Ма­ке­до­ни­ја, е ва­ха­биз­мот. По­че­то­ци­те на ва­ха­биз­мот во Ма­ке­до­ни­ја се вр­зу­ва­ат со конф­ли­ктот од 2001 го­ди­на, ко­га на стра­на­та на ОНА се бо­реа зна­чи­те­лен број му­џа­хе­ди­ни и ис­лам­ски ек­стре­ми­сти што беа по­вр­зу­ва­ни со Оса­ма бин Ла­ден. Всуш­ност, еди­ни­ца­та „Имри еле­зи“,  ко­ја бе­ше на­ре­ку­ва­на му­џа­хе­дин­ска еди­ни­ца, бе­ше со­ста­ве­на од му­џа­хе­ди­ни дој­де­ни од странс­тво, но и од ло­кал­ни жи­те­ли. По конф­ли­ктот дел од ва­ха­би­сти­те оста­наа во Ма­ке­до­ни­ја и актив­но го про­па­ги­раа ра­ди­кал­ни­от ис­ла­ми­зам и нив­но­то сфа­ќа­ње за џи­ха­дот. Тие во по­че­то­кот не­маа под­др­шка од ло­кал­но­то на­се­ле­ние, а со су­фи­ски­те бе­кта­ши беа во по­сто­ја­ни кон­фрон­та­ции.За проб­ле­ми­те ме­ѓу ИВЗ и ва­ха­би­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја јав­но­ста се за­поз­на по на­сил­но­то од­зе­ма­ње на те­тов­ско­то те­ќе од стра­на на ва­ха­би­сти­те. По­тоа, сле­ду­ваа проб­ле­ми­те со из­бо­рот на нов пог­ла­вар на ИВЗ, пре­те­пу­ва­ње­то на пет­те скоп­ски има­ми во Кон­до­во, пре­зе­ма­ње­то на че­ти­ри­те џа­мии во Скоп­је („Ја­ја-па­ша“, „Ту­тун­суз“,  „Хај­тун­џик“ и „Иса-бег“) од кон­тро­ла­та на ИВЗ, а на­ста­ни­те еска­ли­раа со фи­зич­ка­та прес­ме­тка ме­ѓу две­те стра­ни во Иса-бе­го­ва­та џа­ми­ја. Ду­ри и ИВЗ приз­на де­ка ра­ди­кал­ни­от ис­лам е ре­ал­ност во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Пог­ла­вар на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца на Ма­ке­до­ни­ја, ре­ис-ул-уле­ма ефен­ди Су­леј­ман Ре­џе­пи, во кон­текст на си­те овие слу­чу­ва­ња, во сеп­тем­ври 2010 го­ди­на из­ја­ви де­ка по­сто­јат по­е­дин­ци што од­вре­ме-на­вре­ме кре­ва­ат вре­ва за­ра­ди лич­ни­те и груп­ни­те ин­те­ре­си, но ИВЗ се ди­стан­ци­ра од нив и не­ма ни­што за­ед­нич­ки со нив. Во исти­от пер­и­од тој ду­ри од ма­ке­дон­ски­те вла­сти, по­ли­тич­ки­те пар­тии на Ал­бан­ци­те, ам­ба­са­да­та на САД и од ЕУ по­ба­ра по­мош за со­о­чу­ва­ње со ва­ха­би­сти­те.Иа­ко из­ја­ви­те на пог­ла­ва­рот на ИВЗ прет­ста­ву­ва­ат нај­ди­рект­на по­твр­да де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­стои ра­ди­ка­лен ис­лам, се­пак и си­те овие слу­чу­ва­ња, до­пол­не­ти со на­силс­тва­та на скоп­ско­то Ка­ле, го­во­ри­те про­тив Мај­ка Те­ре­за, на­сил­но­то со­би­ра­ње па­ри од вер­ни­ци­те за вре­ме на Ра­ма­зан без доз­во­ла на ИВЗ и, пос­лед­но, остра­та ре­ак­ци­ја на ду­хов­ни­от ли­дер на ИВЗ по по­вод на­силс­тва­та и упо­тре­ба­та на зна­ми­ња на Са­у­ди­ска Ара­би­ја во про­те­сти­те про­тив суд­ска­та од­лу­ка за слу­ча­јот „Мон­струм“, јас­но го­во­рат де­ка во Ма­ке­до­ни­ја е при­су­тен ра­ди­кал­ни­от ис­лам, а за не­го­ви про­мо­то­ри по­сто­ја­но се по­со­чу­ва­ни ва­ха­би­сти­те.

Пред по­ве­ќе од еден ме­сец бев­ме све­до­ци на на­сил­ни про­те­сти, кои поч­наа од дво­рот на џа­ми­ја во бли­зи­на на цен­та­рот на Скоп­је. На про­те­сти­те се ве­е­ја му­џа­хе­дин­ски зна­ми­ња и се скан­ди­раа вер­ски по­ра­ки. На­ста­нот бе­ше до­бро ос­мис­лен и ор­га­ни­зи­ран за су­дир со по­ли­ци­ја­та, но и под­др­жан од по­ве­ќе ме­ди­у­ми на ал­бан­ски ја­зик. Кол­ку им е лес­но на ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри да ис­про­во­ци­ра­ат су­ди­ри и не­ста­бил­ност во др­жа­ва­та под из­го­вор де­ка се за­гро­зе­ни пра­ва­та на мус­ли­ман­ско­то мал­цинс­тво и кој сѐ им по­ма­га во тоа?

Та­не­ски: На Бал­ка­нот, ва­ха­би­сти­те се при­лич­но ор­га­ни­зи­ра­ни, до­бро фи­нан­си­ра­ни и вр­шат по­сто­ја­на ре­гру­та­ци­ја, ко­ја ре­зул­ти­ра со сѐ по­ве­ќе след­бе­ни­ци. Во мо­мен­тов тие се по­зи­ци­о­ни­ра­ат во на­ше­то оп­штес­тво и фор­ми­ра­ат си­гур­на тран­зит­на зо­на за ис­лам­ски­те ек­стре­ми­сти на нив­ни­от пат за Евро­па. Со ог­лед на еко­ном­ски­те, па и со­ци­јал­ни проб­ле­ми со кои те­шко се со­о­чу­ва др­жа­ва­ва, ва­ха­би­сти­те и ра­ди­кал­ни­те струи има­ат со­лид­на поч­ва за ре­гру­ти­ра­ње (за­ве­ду­ва­ње) мла­ди не­за­до­вол­ни мус­ли­ма­ни, кои се, всуш­ност, из­ма­ни­пу­ли­ра­ни би­деј­ќи ме­ѓу­ет­нич­ки­те отво­ре­ни пра­ша­ња се до­фи­лу­ва­ат и до­пол­ну­ва­ат со ре­ли­ги­ски­те раз­лич­но­сти, а пре­ку уче­ња­та за евен­ту­ал­но­то вра­ќа­ње на ви­стин­ски­от пат на ре­ли­ги­ја­та овие стру­кту­ри, со мал на­пор, ги ра­ди­ка­ли­зи­ра­ат со­ци­јал­но ран­ли­ви­те гру­пи, кои, пред сѐ, се од пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја Ал­бан­ци.

Вер­ски­от ра­ди­ка­ли­зам не е не­поз­нат и ме­ѓу хри­сти­ја­ни­те. Не­о­дам­на во Ср­би­ја бе­ше откри­ен вер­ски камп во кој се вр­ше­ла во­е­на обу­ка на ма­ло­лет­ни­ци. Де­се­ти­ци Ср­би, пак, „до­бро­вол­но“ учес­тву­ва­ат во укра­ин­ска­та кри­за ка­ко под­др­шка на „бра­ќа­та по ве­ра“. Зо­што ве­ра­та нај­че­сто се зло­у­по­тре­бу­ва при ре­гру­ти­ра­ње до­бро­вол­ци, кои по­тоа учес­тву­ва­ат во ужас­ни зло­сторс­тва?

Та­не­ски: Де­нес Евро­па че­сто се опи­шу­ва ка­ко те­ри­то­ри­ја на ко­ја по­стои су­дир на кул­ту­ри, кон­фрон­та­ци­ја ме­ѓу ис­ла­мот и про­де­мо­крат­ски­от За­пад. Вед­наш мо­же да се по­ста­ви пра­ша­ње­то за уло­га­та на ре­ли­ги­ја­та во об­ли­ку­ва­ње на кул­ту­ра­та и на кул­ту­ра­та во об­ли­ку­ва­ње­то на про­це­сот на ин­те­гра­ци­ја. Спо­ред Хан­тин­гтон, кул­ту­ра­та и ре­ли­ги­ја­та се ед­ни од по­важ­ни­те фа­кто­ри во кре­и­ра­ње­то на гло­бал­на­та по­ли­ти­ка. Спо­ред не­го­ва­та те­за за „су­дир на ци­ви­ли­за­ци­и­те“, за­пад­на­та кул­ту­ра е под за­ка­на од ис­лам­ска­та и од кон­фу­чи­јан­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја. Ка­ко што ре­ли­ги­ја­та обез­бе­ду­ва ос­но­ва за иден­ти­те­тот, ид­ни­те конф­ли­кти ќе прет­ста­ву­ва­ат ос­но­ва­та за по­дел­ба ме­ѓу „ци­ви­ли­за­ци­и­те“, „кул­ту­ри­те“ и раз­лич­ни­те ре­ли­гии ме­ѓу За­па­дот и мус­ли­ман­ски­от свет. По­твр­да за оваа те­за се те­ро­ри­стич­ки­те на­па­ди од 2004 го­ди­на во Ма­дрид, од 2005 го­ди­на во Лон­дон, убис­тво­то на хо­ланд­ски­от ре­жи­сер во 2004 го­ди­на, на­па­ди­те во 2011 го­ди­на во Са­ра­е­во, во 2012 го­ди­на во Ту­луз, Скоп­је и во Бур­гас. Де­неш­на­та вто­ра и тре­та ге­не­ра­ци­ја европ­ски мус­ли­ма­ни не се иден­ти­фи­ку­ва пре­ку нив­ни­те фа­ми­ли­јар­ни „ко­ре­ни“, кул­ту­ра­та на зем­ја­та од ко­ја по­тек­ну­ва­ат, ни­ту, пак, со европ­ска­та зем­ја во ко­ја жи­ве­ат, ту­ку пр­во со ис­ла­мот. Еви­дент­на е про­ме­на­та кај мла­ди­те мус­ли­ма­ни ро­де­ни и одг­ле­да­ни во Евро­па, кои де­нес се мо­би­ли­зи­ра­ат во по­ли­тич­ка­та ка­те­го­ри­ја „мус­ли­ма­ни“ – ис­ла­ми­сти. Но­ви­те мус­ли­ма­ни со нов транс­на­ци­о­на­лен ис­лам­ски иден­ти­тет ја од­во­ју­ва­ат ве­ра­та од на­род­но­ста. Ис­ла­мот, а не ет­нич­ка­та при­пад­ност прет­ста­ву­ва­ат обе­ди­ну­вач­ка си­ла за зац­вр­сту­ва­ње на чув­ство­то за при­пад­ност и за по­ли­тич­ка мо­би­ли­за­ци­ја. Tеро­ри­стич­китe на­па­ди што се слу­чи­ја во из­ми­на­ти­те го­ди­ни до­ка­жаа де­ка Евро­па ста­на еден од глав­ни­те фрон­то­ви за бор­ба про­тив ме­ѓу­на­род­ни­от те­ро­ри­зам, а истра­ги­те до­ка­жаа де­ка се ра­бо­ти за до­ма­шен те­ро­ри­зам.

До­се­га беа об­ја­ве­ни де­се­ти­на ими­ња на ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни што за­ги­на­ле на бо­и­шта­та во Си­ри­ја бо­реј­ќи се на стра­на­та на Ал Ка­е­да. Има ли Ма­ке­до­ни­ја про­це­на кол­ку неј­зи­ни др­жав­ја­ни учес­тву­ва­ат во стран­ски вој­ни?

Та­не­ски: Важ­но е да се при­фа­ти де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­стои ре­ал­на за­ка­на од до­ма­шен те­ро­ри­зам, кој е пот­тик­нат од ис­ла­ми­стич­ки стру­кту­ри. Ин­ди­ви­ду­ал­ци­те или гру­пи­те што се под­го­тве­ни да пре­зе­мат те­ро­ри­стич­ки актив­но­сти про­тив ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот, по­ле­ка но си­гур­но нав­ле­гу­ва­ат во по­ри­те на оп­штес­тво­то со што нив­но­то иден­ти­фи­ку­ва­ње и иско­ре­ну­ва­ње ста­ну­ва сѐ по­те­шко за без­бед­нос­ни­те служ­би. Кол­ку што по­ра­но се сог­ле­да се­ри­оз­но­ста од оваа за­ка­на, тол­ку по­лес­но ќе мо­же да се дејс­тву­ва пре­вен­тив­но. За­молк­ну­ва­ње­то пред ви­сти­на­та и не­пре­зе­ма­ње­то одре­де­ни че­ко­ри во име на до­бри­те ме­ѓу­ет­нич­ки од­но­си не­ма ни­ту да ги по­до­бри од­но­си­те ме­ѓу ет­ни­ку­ми­те, ни­ту да го ре­шат проб­ле­мот. За по­че­ток, нај­по­треб­но е да се нај­де со­од­вет­на тер­ми­но­ло­ги­ја со ко­ја би се на­пра­ви­ла јас­на ди­стинк­ци­ја ме­ѓу овие ми­ли­тант­ни ис­ла­ми­стич­ки стру­кту­ри и дру­ги­те мус­ли­ма­ни. По­тоа, јас­но и нед­вос­мис­ле­но да се иден­ти­фи­ку­ва за­ка­на­та и од стра­на на раз­уз­на­вач­ки­те служ­би да се на­пра­ви но­ва без­бед­нос­на про­це­на со маг­ни­ту­да­та на за­ка­на­та. Но­ва­та без­бед­нос­на про­це­на за со­стој­ба­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, по­треб­но е да ги иден­ти­фи­ку­ва и ло­ци­ра овие за­ка­ни, нив­ни­от со­став, по­вр­за­ност, про­гра­ма и пла­тфор­ма на дејс­тву­ва­ње, ма­те­ри­јал­на опре­ме­ност, об­ли­ци­те и ме­то­ди­те на дејс­тву­ва­ње, по­вр­за­ност со стран­ски фа­кто­ри, па­ра­во­е­но ор­га­ни­зи­ра­ње, гру­пи­ра­ње и иден­ти­фи­ка­ци­ја на ин­фил­три­ра­ни­те след­бе­ни­ци, кои се вкли­не­ти во без­бед­нос­ни­те, по­ли­тич­ки и ре­ли­ги­оз­ни стру­кту­ри во си­сте­мот на др­жа­ва­та.

Спо­ред но­ва­та без­бед­нос­на про­це­на, да се изра­бо­ти ефе­ктив­на стра­те­ги­ја за бор­ба про­тив те­ро­риз­мот, ко­ја до­маш­ни­от те­ро­ри­зам ќе го де­фи­ни­ра со си­те не­го­ви спе­ци­фи­ки и ќе го пре­поз­нае ка­ко но­ва за­ка­на, ко­ја ќе би­де ед­на од при­о­ри­тет­ни­те раз­уз­на­вач­ки по­ба­ру­ва­ња и во­ед­но пре­диз­вик за це­ли­от без­бед­но­сен се­ктор во Ма­ке­до­ни­ја.

Кол­ка­ва е по­тен­ци­јал­на­та опас­ност од овие тем­пи­ра­ни бом­би по нив­но­то вра­ќа­ње до­ма?

Та­не­ски: Ми­ли­тант­ни­те ис­ла­ми­сти има­ат иде­о­ло­шки мо­тив за по­вр­зу­ва­ње на ло­кал­ни­те-до­маш­ни и на гло­бал­ни­те му­џа­хе­ди­ни, да ра­бо­тат и да со­ра­бо­ту­ва­ат над­вор од др­жав­ни­те гра­ни­ци, до ис­пол­ну­ва­ње на крај­на­та цел, вос­по­ста­ву­ва­ње та­ктич­ки ба­зи во странс­тво за под­др­шка на „ло­кал­ни­от џи­хад“. Од ана­ли­за­та на без­бед­нос­ни­те служ­би во др­жа­ви­те во Евро­па, во кој беа из­вр­ше­ни те­ро­ри­стич­ки на­па­ди во пос­лед­ни­те де­се­ти­на го­ди­ни, мо­же да се кон­ста­ти­ра де­ка ис­ла­ми­сти­те што го спро­ве­ду­ва­ат џи­ха­дот во Евро­па при­па­ѓа­ат на су­нит­ско са­ла­фи­стич­ки џи­хад, раз­гра­нок на ис­ла­миз­мот. Овој раз­гра­нок на ис­ла­миз­мот се те­ме­ли на ед­на од најв­ли­ја­тел­ни­те со­вре­ме­ни ми­ли­тант­ни ис­ла­ми­стич­ки до­ктри­ни. Во Евро­па, ра­ди­кал­ни­те нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, ка­ко што се Ал-Му­ха­џи­рун, Хизб ал-Та­хрир, Ал-Taвхид, Ал-Taкфир, се актив­ни во гра­де­ње­то џа­мии ка­ко Финс­бу­ри-џа­ми­ја­та во Лон­дон, џа­ми­ја­та Ал-Акса во Хам­бург и Сен Де­ни и Руе Му­рах во Па­риз. Џа­ми­ја­та Финс­бу­ри се сме­та за цен­тар за ре­гру­ти­ра­ње и ин­до­ктри­на­ци­ја на ми­ли­тант­ни ис­ла­ми­сти. Ни­ски­те тро­шо­ци за па­ту­ва­ње им овоз­мо­жи­ја на ил­јад­ни­ци мла­ди Ара­пи да се здо­би­јат со „авга­ни­стан­ско искус­тво“ и да до­би­јат ос­нов­на во­е­на обу­ка, ка­ко и ре­ли­ги­оз­ни „на­со­ки“ за вр­ше­ње на­па­ди и на европ­ска те­ри­то­ри­ја. Вла­сти­те во за­пад­ни­те де­мо­кра­тии се за­гри­же­ни за без­бед­но­ста од ри­зи­кот што го но­сат мла­ди­те мус­ли­ман­ски ими­гран­ти што беа во Си­ри­ја и во Ирак да во­дат џи­хад, а се­га се вра­ќа­ат до­ма. Тие се сме­та­ат за нај­се­ри­о­зен без­бед­но­сен ри­зик во пос­лед­ни­ве не­кол­ку де­це­нии. Де­ка овој ри­зик не е са­мо те­о­рет­ски, до­каз е те­ро­ри­стич­ки­от на­пад из­вр­шен на 24.5.2014 го­ди­на, од стра­на на млад Фран­цу­зин. Во из­ми­на­ти­те не­кол­ку го­ди­ни, ил­јад­ни­ци мла­ди ис­лам­ски ими­гран­ти од си­те зем­ји од За­па­ден Бал­кан, Евро­па, Ав­стра­ли­ја, Аме­ри­ка, па ду­ри и од Ру­си­ја, оти­доа да се бо­рат во Си­ри­ја и во Ирак. Не­кои од нив беа уби­е­ни во ак­ци­ја, до­де­ка дру­ги­те се вра­ти­ја до­ма. Тие има­ат па­со­ши од за­пад­ни­те др­жа­ви. Тие се дви­жат по ули­ци­те на де­мо­крат­ски­те др­жа­ви ка­ко тем­пи­ра­на бом­ба, спо­соб­ни и рас­по­ло­же­ни да ги ос­тва­рат сво­и­те ин­те­ре­си.

Кол­ку за­ко­нот што е во под­го­то­вка мо­же да по­мог­не за да ги пре­мис­ли тие ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни што ре­ши­ле да за­ми­нат во вој­на во странс­тво?

Та­не­ски: За­ко­нот е уште во под­го­то­вка. За­ко­но­да­ве­цот ве­ро­јат­но ќе се по­гри­жи да ги зе­ме пред­вид искус­тва­та од дру­ги­те др­жа­ви и, спо­ред по­тре­би­те и по­себ­но­сти­те на на­ша­та др­жа­ва, да ги прис­по­со­би кол­ку што е мож­но по­до­бро. Но, се­ка­ко, оста­ну­ва нај­на­пред да се ви­ди фи­нал­ни­от текст на за­ко­нот, кој по­тоа ќе тре­ба и да се спро­ве­де. И нај­до­бри­от за­кон со вре­ме пре­тр­пу­ва из­ме­ни, а стру­кту­ри­те про­тив кои ќе би­де на­ме­нет, си­гур­но, ќе ба­ра­ат на­чи­ни ка­ко да го из­бег­нат не­го­во­то ефе­ктив­но спро­ве­ду­ва­ње. Со дру­ги збо­ро­ви, за­ко­нот е са­мо ед­на од ала­тки­те со кои др­жа­ва­та се со­о­чу­ва со ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри. Од ви­тал­но зна­че­ње е да се спре­чи „из­во­рот на ре­гру­ти­ра­ње“, кој прет­ста­ву­ва пр­вич­на вр­ска до гло­бал­на­та мре­жа на џи­хад. Ра­ди­кал­ни­те има­ми прет­ста­ву­ва­ат за­ка­на за мус­ли­ман­ски­от про­цес на аси­ми­ла­ци­ја во европ­ски­те ли­бе­рал­но-де­мо­крат­ски оп­штес­тва. По­ве­ќе од очиг­лед­но е де­ка има­ми­те што про­по­ве­да­ат во европ­ски­те ме­дре­си и џа­мии тре­ба да би­дат еду­ци­ра­ни и со сер­ти­фи­кат во Евро­па, а не во зем­ји­те од арап­ски­от свет. По­ја­ва­та на уме­ре­ни „до­маш­ни“ има­ми и но­ви мус­ли­ман­ски ли­де­ри, ќе ги за­шти­тат европ­ски­те мус­ли­ма­ни од вли­ја­ни­е­то на гло­бал­но­то ис­ла­ми­стич­ко дви­же­ње. Исто та­ка, по­треб­на е по­ли­ти­ка на „нул­та то­ле­ран­ци­ја“, ко­ја не са­мо што ќе го спре­чи ре­гру­ти­ра­ње­то, ту­ку ќе ис­пра­ти сил­на и кон­зи­стент­на по­ра­ка де­ка не­ма да се то­ле­ри­ра вер­ски­от ек­стре­ми­зам и пот­тик­ну­ва­ње на на­силс­тво­то во европ­ски­те де­мо­кра­тии.

Кол­ку ќе би­де те­шко да се до­ка­же де­ка одре­де­на лич­ност во­ју­ва­ла во странс­тво?

Та­не­ски: За­пад­ни­те де­мо­кра­тии, се свес­ни за при­сус­тво­то на оваа со­вре­ме­на аси­ме­трич­на за­ка­на и де­ка обез­бе­ду­ва­ње по­си­гур­ни оп­штес­тва по­драз­би­ра от­стра­ну­ва­ње и ели­ми­ни­ра­ње на ис­ла­ми­стич­ки­те ми­ли­тан­ти. На крај, ко­га ќе се на­пра­ви пре­сек на це­ла­та си­ту­а­ци­ја и ко­га ќе тре­ба да се пре­зе­ме пр­ви­от пре­су­ден че­кор за со­о­чу­ва­ње со за­ка­на­та, ќе се раз­вие ви­стин­ска де­ба­та ме­ѓу за­стап­ни­ци­те на сло­бо­да­та и на чо­ве­ко­ви­те пра­ва, кои ве­лат де­ка др­жа­ва­та не смее да би­де прем­но­гу моќ­на и со „дру­ги­те“, кои ве­лат де­ка др­жа­ва­та мо­ра да се за­шти­ти.

Разговараше: Ненад Мирчевски
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top