| четврток, 6 декември 2018 |

Осумгодишно дете од Косово однесено да војува во Сирија

сирија2Вклученоста на Косовците во војната во Сирија добива загиржувачки размери, пренесуваат косовски медиуми, при тоа пренесувајќи ја потресната приказна на Пранвера Абази (30) од Приштина чие осумгодишно дете,Ерион, од прегратките и го отргнал сопругот Арбен,кој пред два месеца заминал за Сирија.

На фотографијата која ја пренесува порталот, малиот Едион е во друштво со борците на ИДИЛ.

Мајката со сета своја сила бара да единственото чедо што го има да и го врати дома.

– Ерион кој треба оваа учебна година да виде третодделенец е во Сирија. Него со себе го одвел родениот татко, кој заминал да се бори за ИДИЛ. Мајката е во шок, пренесува порталот.

Таа низ солзи разкажува дека сопругот ја измамил велејќи и дека со детето ќе одат на неколку дена во Ругово. Недела дена потоа тој и пуштил порака дека се во Сирија.

-Никогаш не можев да си помислам дека со себе ќе го земе и детето.За него знаев зашто покажуваше знаци за тоа со неговото однесување. Со Ерин само еднаш сме се чуле на телефон, вели мајката.

Како Ерион има уште многу косовски деца во Сирија, кои таму се заминати со семејствата. Медиумите недомана јавија дека има и повеќе од 40 деца од Албанија. Оние на возраст од 12-13 години се дел од борбената линија. Во меѓувреме, уште еден косовец загина на тамошните боишта. Станува збор за Миѓен Халил Латифи (25) од селото Клодернице кај Скендерај(Србица), со што официјалната бројка на убиени Косовци се искачи на 38.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top