Со почеток во 20.45 часот вечерва ќе се одиграат реванш средбите од Лига на шампиони по кои ќе бидат познати последните пет учесници во најсилното фудбалско натпреварување на стариот континент.
Иако десеткуван, составот Арсенал важи за фаворит во дуелот со Бешикташ. Првиот натпревар во Турција заврши без победник 0-0.
Единствениот тим кој има предност од гостински терен во првиот натпревар Баер Леверкузен со едната нога веќе е пласиран во групната фаза бидејќи има предност од 3-2 против Копенхаген.
Дерби натпреварот се игра во Билбао каде домашната екипа на Атлетико го пречекува италијанскиот преставник Наполи. Првиот натпревар истотака заврши без победник но со резултат 1-1 што им дава блага предност на играчите на Билбао поради голот што го постигнаа во Неапол.
Бугарскиот преставник Лудогорец ќе брка негатива од 0-1 на домашен терен против поранешниот европски првак Стеауа.
Потполно изедначени два тима од кои било кој да се пласира во Лига на шампионите нема да биде незаслужено.
Во последниот натпревар Малме со голот кој го постигна на гостински терен против Салзбург иако загуби со 2-1 може да се надева со евентуална минимална победа пласман во групната фаза.
Сазбург е тим кој има одлична финанска конструкција и сериозен спонзор, и ако не успее да се квалификува ќе преставува големо разочарување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


