| четврток, 6 декември 2018 |

Крајот на блокадата за Појасот Газа за Иран е победа на Палестинците

gazaИран смета дека палестинските екстремисти извојувале победа и својот израелски непријател го турнале на колена во текот на крвавите 50-дневени судири во Појасот Газа.

– Херојскиот палестински народ отвори нова ера со победата на отпорот, кој го доведе ционистичкиот режим на колена. Победата го отвора патот кон конечно ослободување на своите окупирани територии, посебно на Ерусалим, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

По седумнеделниот палестинско-израелски судир вчера е постигнат неограничен прекин на огнот. Палестински претставник изјави дека договорот за прекин на огнот вклучува и крај на осумгодишната блокада на Појасот Газа. Укинување на блокадата беше клучно барање на Палестинците за постигнување на примирјето. Од почетокот на конфликтот, 8. јули загинаа 2.143 Палестинци и 70 Израелци. Според Обединетите нации 70 проценти од палестинските жртви се цивили, додека 64 од загинатите Израелци биле војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top