Вториот натпреварувачки ден на отвореното тениско првенство во САД помина без изненадувања за фаворитите.
Роџер Федерер со максимални 3-0 (6-3, 6-4, 7-6) во сетови го победи Австралианецот со босанско потекло Маринко Матошевиќ. Иако резултатот не го кажува тоа, „кралот“ на тенисот си поигруваше со противникот освојувајќи неколку фантастични поени одушевувајќи ја публиката на стадионот во која се наоѓаше и Мајкл Џордан кој седеше во ложата на Роџер Федерер.
Мофилс со максимални 3-0 го победи Доналдсон, Давид Ферер му допушти еден сет на Босанецот Дамир Џумхур, а од позначајните резултати може да се издвојат победите на Гаске над Истомин со 3-0, Иво Карловиќ го победи Јарко Ниеминен со 3-1 и Нишикори против Одесник со максимални 3-0.
Во женска конкуренција првата носителка и главен фаворит за освојување на насловот Серена Вилијамс со 2-0 (6-3, 6-1) ја победи Товнсенд.
Ана Ивановиќ беше поуспешна ја декласиреше Риске со 2-0 (6-3, 6-0) и се пласираше во второто коло. Ежени Бушар за помалку од 50 минути ја победи Говортсова со 2-0, Петра Квитова која важи за фаворит од сенка на УС Опен успешно го започна последниот гран-слем со победата над Младеновиќ со 2-0 и Саманта Стосур славеше над Дејвис со 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




