Камерунскиот напаѓач и расен стрелец Самуел Ето повторно ќе игра во син дрес, но овојпат во дресот на Евертон.
Тој денеска официјално го комплетираше трансферот со тимот од Ливерпул и потпиша двегодишен договор.
Несомнено е дека се работи за одличен напаѓач и ќе биде вистинско освежување во нападот на тимот од „Гудисон Парк“.
Ето заедно со Ромелу Лукаку и Кристијан Атсу ќе бидат вистинска енигма за противничите одбрани бидејќи се работи за одлично трио напаѓачи со вистински инстикт за гол.
– Се радувам што ќе го облечам дресот на Евертон. Неколку дена разговарме со тренерот Роберт Мартинез и импресиониран сум со неговиот ентузијазам – изјави Ето по потпишувањето на договорот.
Самуел Ето пред неколку дена се поврзуваше со трансфер во Ливерпул, но управата на „црвените“ се одлучи за нов напаѓач да го ангажира Марио Балотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прегратка за добредојде: Македонскиот напаѓач го пречека Ето во Коњаспор (видео)
-
Второ зимско засилување за Евертон, Тео Волкот се сели на „Гудисон парк“
-
Ново засилување за Евертон: Турчинот Тосун се пресели на „Гудисон парк“
-
Евертон се засилува со турскиот голгетер: Ченк Тосун се сели на „Гудисон парк“?


