| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими со Марибор ќе игра во Лигата на шампионите, вечерва го победи Селтик во Глазгов (видео)

maribor

Словенечката екипа Марибор вечерва во Глазгов го победи фаворизираниот Селтик со 1-0 и со вклупен резултат 2-1 се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ги одигра сите 90 минути Марибор и беше еден од најзабележителните играчи на теренот. Долгогодишниот член на Марибор Бразилецот Маркос Таварес беше играчот кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 75 минута по една мешаница во шеснаесетикот на Селтик.
Јалова беше иницијативата на Селтик во текот на целиот натпревар. Не успеаа да создадат ниту една стопроцентна шанса освен една кога ја погодија пречката.

Освен Марибор, денска во реванш дуелите од последното квалификациско учество во Лигата на шампионите ќе земат и Зенит, Бате Борисов, Порто и Апоел Никозија кои рутински дојдоа до победите и без проблеми ги совладаа своите противници.

Резултати: Зенит – Стандард 3-0 (4-0), Апоел Никозија – Алборг 4-0 (5-1), Бате Борисов – Слован Братислава 3-0 (4-1), Селтик – Марибор 0-1 (1-2), Порто – Лил 2-0 (3-0)
Во заградите се вкупните резултати од двата меча.
Утре се играат реванш дуелите од последните пет натпревари од квалификациите од кои ќе се добијат последните патници во групната фаза на ЛШ.
Арсенал-Бешикташ, Билбао-Наполи, Леверкузен-Копенхаген, Лудогорец-Стеауа и Малме-Салцбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top