| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилската економија стагнира

brazil-economy-in-2012Бразилската економија, шеста во светот, доживеа забавување на растот. Во 2012 година изнесува 0,9 отсто. Во четвртиот квартал бразилската економија порасна за 0,6 отсто, што е пониско од очекувањата. Пред се потрошувачката пораснала за 1,2 отсто, додека инвестициите се со пораст од само 0,5%. Секторот на услуги придонел зголемување за 1,7 проценти. Бруто домашниот производ (БДП) на Бразил за 2012 година изнесува 4,4 трилиони.

Во обид да ја заживее економијата, Владата ги намали даноците на потрошувачката и трошоци за работна сила. За поттик на економијата, државата создаде и поволен девизен курс за извозниците. Бразилската централна банка ја спушти каматата до минимум од 7,25 проценти, за да се стимулира растот. Земјата треба да се справи и со високата инфлација, која ја слабее куповната моќ. Затоа се чини наскоро Централната банка да ја зголеми каматната стапка, но тоа ќе ги поскапи кредитите и така повторно ќе ја натовари економијата и инвестициите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top