| четврток, 6 декември 2018 |

Германската Влада бара психолози за новите стратегии

психо

Германската Влада распишала конкурс за психолози и социолози за новата владина стратегија на „ефикасно владеење“, објавија германските медиуми, нагласувајќи дека тројцата луѓе треба да имаат познавање од областа на
психологијата, социологијата, антропологијата и економијата.
– Можат да ве смират, а во просториите на Владата нема да биде поставен „кауч“ – изјавил заменик портпаролот на германската Влада Георг Штрајтер.
Според Штрајтер, со коалицискиот договор меѓу демохристијаните и социјалдемократите предвидена е најавената проектна група во штабот за политичко планирање.
– Ние сакаме прецизноста на целите и ефикасноста на политичките намери и планови да ги унапредиме и зголемиме, така што политичките планови ќе ги развиваме посилно, гледано од агол на граѓаните и со нивно учество – се наведува во коалицискиот договор, насловен како „Ефикасно и далекусежно владеење“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top