Иран е прва земја која достави оружје до автономниот курдски регион во Ирак, за да се одбијат нападите на џихадистите, изјави денеска претседателот на ирачки Курдистан, Масуд Барзани.
– Исламска Република Иран е првата држава која ни помогна обезбедувајќи оружје и опрема, посочи Барзани.
Милитантите предводени од џихадистите од групата Исламска држава во јуни покренаа голема офанзива и зазедоа големи делови од Ирак, а на почетокот од месецот ги натераа курдските сили на повлекување кон регионалната престонина Арбил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.