| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите, ФФМ и МВР на маса – сугестиите прифатливи за институциите

sostanokk1-500

МВР, ФФМ, претставници на навивачките групи и на клубовите седнаа на заедничка маса во обид да се изнајдат решенија за проблемите кои се појавуваат на спортските натпревари. Министерската Гордана Јанкулоска средбата на оцени како конструктивна и корисна на која биле отворени повеќе прашања.

Таа посочи дека низ дискусијата се дошло до одредени заклучоци и сугестии од страна на навивачките групи, а прифатливи за МВР по однос на третирање на проблематика за одржување на спортските натпревари.

-Навивачките групи побараа подобра координација по однос на тајмингот на нивно влегување и излегување од стадионот бидејќи имаа забелешки за губење на одредени минути од сортскиот натпревар кои несомнено се значајни. Процесот на организација од страна на спортските клубови, во смисла на подобра координација со министерството како институција која е поискусна, во делот за проценката на бројот на обезбедувачи од приватни агенции или редари, што може да придонесат за поголема безбедност, односно создавање на услови каде МВР не би ни имало потреба да реагира. Конструктивна беше и сугестијата да се специјализираат полициски службеници по однос на спортската проблематика, истакна Јанкулоска.

По однос на специјализираните полициски службеници, Јанкулоска истакна дека истата е прифатлива за МВР, но со детална анализа ќе се утврди дали ќе се формира посебна организациона единица или само тимови.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиевски истакна посочи средбата е од големо значање и на истата се разговара отворено со цел подобрување на ситуацијата и враќање на навивачите на стадионите.

-Имаат свои конструктивни идеи кои ние како Фудбалска федерација ќе ги земеме во предвид, за да придонесеме кон уште поголема безбедност на нашите стадиони. Конструктивни предлози, дијалог кој мислам дека во значителна мерки ќе ги подобри релациите меѓу сите инволвирани страни, потенцираше Ѓорѓиевски.

Статистиката на спортските терени во текот на оваа година говори дека од 34 инциденти, 19 се во Скопје, па следуваат Битола, Штип, Охрид и Тетово. Регистрирани се и повеќе кривични дела и поднесени се 12 кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top