
Општина Гевгелија ќе гради нова клучка на автопатната делница кај Милци, во близина на граничниот премин „Богородица“, информираа денеска надлежните општински служби. Со овој зафат треба да се обезбеди директно сообраќајно поврзување на двете страни од автопатната делница со изградените објекти.
– Покрај растоварувањето на сообраќајот, кој особено во овој период е многу интензивен, клучката треба да го олесни пристапот до казината „Принцес“ и „Фламинго“, но и до пограничните населени места. Изградбата на приклучните улици ќе ја финансираме со околу 60 милиони денари од општинскиот буџет затоа што сообраќајната инфраструктура за јужниот тек на автопатот е особено значајна, оти на овој дел претстои изградбата на новиот хотелски комплекс и на големиот трговски центар кај Милци, информираат од општина Гевгелија.
Над автопатната делница кај Милци веќе е изграден натпатник со 24 милиони денари, кои беа обезбедени од Агенцијата за државни патишта на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Бугарин го фати крстот во Гевгелија
-
Пожарникари ги извлекувале патниците од автомобилите кои биле поплавени кај клучката „Матка“


